Достапни линкови

Денеска лидерска средба


Лидерска средба одржана пред првиот круг на изборите
Лидерска средба одржана пред првиот круг на изборите

Главна тема вториот круг на изборите. Опозицијата очекува дискусија и за настаните што се случија викендов на Плоштадот „Македонија“

Претставниците од партиите влегоа со различни очекувања за дискусии на тековната лидерска средба во Клубот на пратеници. Средбата се одржува по покана на премиерот Никола Груевски, кој како главна тема за дискусија ги предложи претстојните избори. Во поканата до лидерите на трите парламентарни политички партии: опозициската СДСМ и албанските партии ДУИ и ДПА, премиерот Груевски побара тема на разговор да биде посветеноста за организирање на фер и демократски избори. Сепак, пред почетокот на средбата медиумите пренесуваат дека ќе стане збор и за инцидентите кои се случија викендов на плоштадот Македонија.

Од Социјал демократскиот сојуз има неофицијални најави дека меѓу другото, ќе се бара и одговорност за нападот на студентите кои протестираа викендов против изградбата на црква на малиот ринг на плоштадот.
Малку треба да се смират. Да се спроведе она што си го ветија пред изборите, дека нема да има насилство, нема да има семејно гласање, нереди итн


Од Демократската Унија на Албанците велат дека примарно се заинтересирани за организирање на фер гласање за кандидатите кои влегоа во вториот круг.

„Што се однесува до лидерската средба, мислиме дека една од темите која ќе биде на дневен ред е регуларните, фер и демократски избори. За нас е многу важно како земја и вториот круг да помине демократски,“

Вели Рафиз Алити од Дуи. Тој додава дека доколку стане збор за саботните насилства, ДУИ ќе се вклучи во дискусијата:

„И случувањата на Плоштадот секако дека се немил настан и не смее да се случуваат.“

Лидерот на опозициската ДПА Мендух Тачи не ја прифати поканата на премиерот поради изречените казни за функционерите на партијата кои се товарат за учество во ланските изборни инциденти.

Експертите велат дека ваквите средби се процедурални, посебно пред вториот круг избори кога тензиите се зголемени. Професорот Јован Донев вели дека претседателските кандидати се речиси изедначени, што само по себе предизвикува тензична атмосфера.

„Блиску се резултатите едни до други и нормално е да има тензии. Но, малку треба да се смират. Да се спроведе она што си го ветија пред изборите, дека нема да има насилство, нема да има семејно гласање, нереди итн. Мислам дека е нормална процедура.“
XS
SM
MD
LG