Достапни линкови

ТВ дуелот како политички проблем


Предизборни плакати на кандидатите Ѓорѓе Иванов и Љубомир Фрчкоски
Предизборни плакати на кандидатите Ѓорѓе Иванов и Љубомир Фрчкоски
Телевизискиот дуел меѓу претседателските кандидати наместо медиумска атракција и демократски чин стан политички проблем и централна тема во досегашната кампања. Уште на нејзиниот старт, Иванов го услови телевизиското соочување со барање да добие лично
ТВ Дуелите се дел од критериумите на ЕУ и нивното избегнување практично е избегнување на дијалогот меѓу власта и опозицијата
извинување од наводните навреди од кандидатот на СДСМ Фрчкоски. Меѓу двата круга се одржаа неколку расправи меѓу ривалите, но беше забележливо отсуство на претендентот на власта во неколкуте дебати. На последната на А1Телевзија, Иванов стигна во завршницата од разговорите. Еден од кандидатите за преседател, кој отпадна од трката, Нано Ружин, вели:

„ТВ Дуелите се дел од критериумите на ЕУ и нивното избегнување практично е избегнување на дијалогот меѓу власта и опозицијата.“

Дел од новинарите, со став околу ефектите од соочувањата врз гласачкото тело. Главниот уредник на Алсат Мухамед Зекири кој беше водител на разговорот со шестмината без Иванов оценува:

„Се обидоа да бидат искрени во тоа што го зборат, но дали тоа што го кажаа ќе го оддржат, бидејќи на крај не секогаш се покажува дека тоа што го збореле, не го оствариле на крај.“

„Штом се избегнуваат дебатните емисии под изговор дека треба да се разговара со граѓаните, во таква една атмосфера имате монолози.“
Сметам дека е неопходно да се има форматирана телевизиска претседателска дебата, ако било кој избегне дебата тоа значи дека се избегнува политички дијалог, а тоа би значело удар врз нашата кревка демократија


Кажа Никола Младенов, коментатор на неделникот Фокус.
Експертите со поделни мислења околу телевизиското соочување како добра демократска практика.

„Сметам дека е неопходно да се има форматирана телевизиска претседателска дебата, ако било кој избегне дебата тоа значи дека се избегнува политички дијалог, а тоа би значело удар врз нашата кревка демократија.“

„Политичката култура на нашите канидидати за претседател не е на доволно високо ниво.“

Рекоа Колумнистот Жарко Трајановски и универзитетскиот професор Васко Наумовски. Првиот македонски претседател Киро Глигоров одби телевизиско соочување со својот противкандидат Љубиша Георгиевски, 94 година на првите избори од кога шефот на државата се избира со непосредно гласање. Во последните два мандати јавноста беше заинтригирана од завршните телевизиски мегдани на Борис Трајковски со Тито Петковски, но и Бранко Црвенковски со Сашко Кедев.
XS
SM
MD
LG