Достапни линкови

Вацлав Хавел во Слободна Европа


Вацлав Хавел
Вацлав Хавел
Поранешниот чешки Претседател Вацлав Хавел денеска зборуваше на уредничкиот колегиум во новата централа на Радио Слободна Европа во Прага. Тој порача дека прва задача на Слободна Европа е и натаму да обезбеди слободни информации и коментари за светските настани, независно од ниедна сила.

"Задача на Слободна Европа е да едуцира демократски политичари, не само во новите демократии туку и политичари Генерално, бидејки ние повторно и повторно гледаме како политичари од старите демократии одбегнуваат да зборуваат отворено со нивните партнери од авторитарните режими, за човековите права поради економски или било какви други практични причини".

Вацлав Хавел е познат писател дисидент од времето на комунизмот, демократски лидер кој мирно го изведе и раздружувањето на Чехословачка во Чешка и Словачка денеска членки на НАТО и Европскта Унија.
XS
SM
MD
LG