Достапни линкови

Олбрајт за НАТО бомбардирањето пред 10 години


Madeleine Albright On Kosovo
please wait

No media source currently available

0:00 0:01:36 0:00
Олбрајт : Тогаш, проблемот беше Косово и прашање беше како да биде запрено етничкото чистење. Јас бев тогаш државен секретар и гледав колку долго време траеше додека влеговме во Босна, па преку НАТО ја покренавме 78-дневната војна. Тоа беше многу значајно бидејки беше во заштита на слободата на луѓето кои беа протерувани од своите домови или убивани, па беше покажана валидноста на новата мисија на НАТО. Интересно е и бидејки не беше лесно во поглед на тоа како беа носени одлуките, како работеше воениот комитет, како беа избирани целите. Но, мислам дека беше еден од навистина успешните моменти во услови кога НАТО ја работи својата нова мисија. Се надевам дека има многу лекции што произлегоа од кампањата на Косово, кои се корисни во различни региони, сега во Авганистан. Но, тоа е дел од истата приказна по Студената Војна, кога Алијансата беше создадена како анти-советска, релевантна до крајот на 20-тиот век, па во почетокот на 21-иот век почна да се справува со проблемите на тоа време, како меѓу-етничките конфликти и убиства, етничките чистења на луѓе кои живеат во една земја.
Madeleine Albright On Kosovo part 2
please wait

No media source currently available

0:00 0:00:50 0:00

Олбрајт : Постоеше дел кој беше многу тежок и тоа беше очигледно од напорите што ги правевме, дека Обединетите Нации нема да сторат ништо, русите ќе стават вето на секоја резолуција која ќе препорачува употреба на сила на Косово, па мораше да се оди преку НАТО, но, на тој начин што се знаеше дека некои земји ќе бидат против. За нас, беше многу важно дека беше НАТО акција, бидејки беше мултилатерална и беше подржана од 16 земји. Значи, не беше целта да се заврши работата само воено, но и да се добие легитимитет за акцијата на Косово. Но, ништо не беше лесно, беше работа на многу силна дипломатија. Беше интересно и бидејки генерал Шаликашвили беше командант на генералштабот, кој очигледно имаше големо НАТО искуство, па ние разговаравме како употребата на силата и дипломатијата да работат заедно, односно, заканата со сила да биде во корист на дипломатијата и како дипломатијата да биде искористена за подршка на употребата на сила.
XS
SM
MD
LG