Достапни линкови

Планот на Обама за Ирак е реален


Iraq -- A US soldier
Iraq -- A US soldier
Планот на американскиот претседател Барак Обама за ставање крај на мисијата во Ирак е јасен. Повлекување на американските воени трупи во следните 18 месеци, односно завршување на борбената мисија во Ирак до 31 август 2010-та година. Но се наметнува прашањето, колку овој план е реален ако се имаат предвид промените во насилството во последните шест години. Може ли Обама да очекува да се придржува до планот?
Мајкл О` Ханлон кој ги истражуваше безбедносните прашања на Институтот Брукингс во Вашингтон, вели дека безбедносната состојба во Ирак го надминува најдоброто сценарио од пред две години. Намалено е насилството, ирачките безбедносни сили се значително подобрени како и кохезивноста на ирачката влада и функционалната демократија:

"Кога пред две години би зборувале за тоа што би се случувало во 2009, би го сметал она што се случува денес како невозможно. Не сакам да звучам премногу среќен во интерпретацијата како стојат работите денес, затоа што Ирак имаше многу проблеми и сеуште се соочува со предизвици, па затоа и ми се допаѓа планот на Обама во кој има трпение и постепеност во намалување на силите.“

Според О` Ханлон, сепак главен проблем останува северен Ирак и неговото решавање може да биде тешко. Главните протагонисти во регионот се централната влада, и локалните курдски власти кои контролираат различни безбедносни сили, па она што може да се случи е граѓанска војна и обид за контрола на одредени територии и нафта.
Антони Кордесман, од Центарот за стратегиски и меѓународни студии во Вашингтон смета дека многу повеќе проблеми, а не само проблемите на северот од Ирак би можеле да влијаат на роковите на Обама за повлекување. Исто така, вели тој, не е сигурно дали останувањето подолго ќе ја направи и ситуацијата подобра.

,,Идејата дека Соединетите држави ќе се повлечат без проблеми од стабилен Ирак е нешто што е можно, но е без историски преседан. Ирак сеуште мора многу да се промени и мора уште многу да постигне, а тоа нема да се случи пред американското повлекување, а многу од тоа нема да се постигне и ако Соединетите држави останат.“

Според Кордесман, и ниската цена на нафтата може да има влијание. Тој смета дека е тешко да се смират две спротиставени страни кога има пари, но кога парите ги нема, задачата станува уште потешка.

XS
SM
MD
LG