Достапни линкови

И сопругите на кандидатите во кампања


Претседателските кандидати
Претседателските кандидати
Сопругите разбирливо го подржуваат својот партнер, како еден од шестмината претседателски кандидати. Единствената жена Мируше Хоџа е жртва на својата интензивно професорска кариера и во Скопје живее со својата мајка. Освен на почетните конвенции сопругите не се дел од изборните каравани. Во дел од рекламите и флаерите се користат слики и портрети од семејните албуми, а сопругата на проф. Иванов говори и на ТВ спот. Маја и синот Иван се свесни дека се дел од кампањата и имиџот на еден од 7-мината претседатеслки претенденти, професорот Горѓе Иванов:

„Сето она што го градиме како семејство, од довербата, искреноста, љубовата, произлегува и цврстината на нашето заедничко живеење од кое што и е произлезено нашето животно мото, што го имаме наследено и од нашите родители, а што го пренесуваме и на нашето дете, да се биде чесен, искрен, да се биде вреден, а се што е наше, само посебе ќе си дојде.“

Вели сопругата на Иванов.
Маја Иванова е правник која е вработена во агенцијата за цивилно воздухопловство, а во младите денови и самата беше дел од младинските политички активности. Таа е ќерќа на еден од македонските тв ветерани новинарот Илија Тоновски.
Даница, дипломат од кариера, Нано професор со успешен амбасадорски мандат. Така функционира бракот на семејството Ружин. Тој беше избран за амбасадор на година во Брисел и Нато и со такава кариера се обидува да го подигне својот рејтинг. Даница Ружин имаше самостојна дипоматска кариера и во еден период бракот им беше на релацијата Брисел-Париз. Даница и Нано со своите двајца синови живеат во центарот на Скопје.

„Од кога го познавам, тој е заинтересиран за општествените токови во Македонија и оваа кандидатура доаѓа како еден логичен континуитет на неговите досегашни активности, како на македонската политичка сцена, така и како претставник на Македонија во странство.“

Претседателскиот кандидат Агрон Буџаку е разведен, а ќерќата студира во Брисел. Затоа пак во родниот Дебар е неговата мајка. Облечена во црно таа беше на промотивната конвенција на својот син во Скопје каде беше топло прегрната од лидерот на ДУИ Али Ахмети .

„Агрон беше многу едуцирано дете, сигурно и ние сме влијаеле, но таков беше и по природа. Имаше висока култура, едукација, широко познавање. Од 4-5 години читаше српски јазик. Албанскиот веќе го знаеше. Не само јас како мајка туку сите мислат оти тој од сите претседателски кандидати е највреден.“

„Не е од оние мажи кои што ги наметнуваат своите ставови, значи не е типичен Балканец, во таа смисла на зборот. Имаме прилично рамноправен однос, сите прашања заеднички ги решаваме. Ужива да слуша добра музика, но мислам дека неговата најголема пасија е да патува, односно да истражува нови земји, нови култури и секако сака да прочита добра книга.“

Вака пак, говори адвокатот Ирена Фрчкоска која со сопругот Љубомир го имаат четиригодишниот син. Ова е нејзин прв брак, а професорот и екс министер има уште две деца од првиот брак.
Ајла Селмани остава впечаток на дама која посветува внимание на својот изглед. Оваа констатација ја прочитавме во еден од македонските неделници. Со својот сопруг Имер и четирите деца се сликани на својот голем посед на периферијата од Скопје. Ме освои насмевката на Имер. Селмани е топол и емотивен чевек ќе каже неговата сопруга Ајла која и покрај тоа што е медицинско лице се занимава со бизнисите на својот сопруг и лидер на Нова Демократија.
Виолета Бошковска трпеливо го чекаше својот сопруг од Хаг и ослободувањето од трибуналот за воени злодела. За цело време веруваше во неговата невиност, сама се грижеше за своите три деца. Сопруга на екс министерот брат Љубе, напорно го одржуваше својот туристички комплекс на хрватското крајбрежје.

„Бидејќи нон стоп си зафатен, никој пат неможеш да се посветиш на семејството. Бидејќи имаме таков бизнис, кој што не дозволува многу слободно време.“

Како гледате на тоа дека токму вие можеби ќе бидете идната прва дама на Македонија?

„Ќе одговорам на сите обврски што ќе ми бидат дадени, по она што го налага функцијата на претседателот, бидејќи сметам дека и жената е дел од имиџот на претседателот на државата.“

„Протоколарната страна од улогата на првата дама, не би ми била непозната, впрочем бев шеф на протокол во одреден дел од мојата кариера.“

„Улогата на првата дама е прилично маргинализирана, таа секогаш се наоѓа во сенка на претседателот, но мислам дека со текот на развитокот на нашата држава и улогата на првата дама во таа смисла ќе се зголемува.“

Рекоа, Иванова Ружин, Фрчкоска.
XS
SM
MD
LG