Достапни линкови

Пензиските фондови за сега имуни на финансиската криза


Берзата во Њујорк
Берзата во Њујорк

Светските берзански индекси бележат рекордни падови како резултат на светската финансиска криза. Македонските пензиски фондови, за сега, остануваат непотресени со најмали загуби во регионот.

Светската финансиска криза за сега ги нема потресено пензиските фондови во земјава. Од надлежните институции и од приватните друштва велат дека во фондовите за сега нема посериозни последици од кризата.
Директорот на Агенцијата за супервизија на капитално финансирано пензиско осигурување или МАПАС, Булент Дервиши вели дека
Направивме анализи, системот за сега добро функционира. Вториот столб добро функционира, во него членуваат 200 илјади членови и до сега се собрани околу 90 милиони евра
вториот пензиски столб е стабилен бидејки се избегнуваат поризични инвестиции.

„Направивме анализи, системот за сега добро функционира. Вториот столб добро функционира, во него членуваат 200 илјади членови и до сега се собрани околу 90 милиони евра. За сега не се планира реформа на вториот столб.“

Според информациите со кои располага МАПАС, приватните фондови се соочиле со загуба од десет отсто поради падот на акциите на берзата. Дервиши вели дека овој пад е скромен во споредба со падотвите регистрирани кај пензиските друштва од соседните земји.

„Според извешаите што стасуваат, македонскиот пензиски столб бележи најмал пад во приносите. Падот предизвикан од кризата е десет отсто. Додека во Бугарија и земјите од Европа овој пад е 20 отсто, а Хрватска има 13 отсто пад.“

Од приватните фондови потврдуваат дека пензиите се непогодени од кризата. Според директорот на КБ - Прво Пензиско друштво, Јанко Тренкоски, по официјализирањето на кризата, друштвото повнимателно управува со средствата.

„Изворите за профит и оплодување на средствата се сигурни од аспект на тоа што се инвестира во државни обврзници и слично.“

Тренковски потврдува дека друштвото нема инвестирано во ризични портфолија, а како дополнителна мерка на внимателност, инвестициите се дисперзирани

„Исто така, диверсификацијата на повеќе пазари, освен Македонија и на пазарите во ЕУ. Зборуваме за високо квалитетни компании, водечки во светот и ризикот е релативно мал.“

Инаку светската финансиска криза нанесе удар на реалниот сектор во Македонија. Оптимизмот на властите и бизнис заедницата дополнително беа растресени од извештаите на странски организации за состојбата во земјава, како и последната прогноза на светската банка, аспоред која кризата најмногу ќе ги погоди земјите во развој. За РСЕ ....
XS
SM
MD
LG