Достапни линкови

Без дневница поради штрајк


Работнички протести
Работнички протести
За да земат личен доход вработените во фабриката за шински возила мора да ја прекинат работата и организирани од синдикалните организации да штрајкуваат. Годинава два пати ја прекинаа работата и два пати земаа плата.
Крајот на јануари кога протестираа им беше исплатен личен доход за ноември минатата година, додека сега на почетокот на март кога
Да се исплати дневницата затоа што целта на штрајкот беше заостаната плата. Преку штрајкот успеавме да ја земеме таа плата. Мислам дека е неправедно закината таа дневница и ќе си ја бараме да ни ја врати
двадена не работеа добија плата за месец јануари. Вработените изненадени зошто менаџерскиот тим при исплатата гопрескокнала месец декември. Но работниците членови на ССМ изненадени бидејки директорката одлучила денот кога во јануари штрајкуваа да не им го исплати. Јордан Чадлов претседател на синдикалната организација која е дел од ССМ вели дека директорката Фани Стојановска неправедно прави раздор.

„Да се исплати дневницата затоа што целта на штрајкот беше заостаната плата. Преку штрајкот успеавме да ја земеме таа плата. Мислам дека е неправедно закината таа дневница и ќе си ја бараме да ни ја врати,“

вели Чадлов.
Според информациите со кои располагаме ваквата одлука менаџерскиот тим ја донел бидејки синдикатот штрајкот беспотребно го организирал и оти истиот ден кога започнал на крајот од работното време ноемвриската плата била исплатена.
Но, на страната на околу 250те работници застанува и Регионалниот синдикален совет. Димитар Андонов вели дека неколку дена пред одпочнување на протестот во јануари истиот бил пријавен а организаторот недобил информација од одговорните дека исплата на личен доход ќе има. Се крши работничкото право за изразување на незадоволство преку прекин на работата , ќе побараме преиспитување на одлуката и исправање на неправдата, вели Андонов.

„Вината воопште не е во ССМ каде што членуваат дел од работниците, туку вината е во крутиот однос на управителот на тоа друштво.“

Работниците од Колска и оние членови на ССМ и оние членови на Независниот синдикат уште сега најавуваат прекинување на работата ако платата за февруари не ја земат во со закон определениот рок.
XS
SM
MD
LG