Достапни линкови

Жалби за системот бруто плата


Дел од книговодителите и работодавачите се жалат на проблеми со системот Бруто плати. Oние кои веќе ги имаат испратено пресметаните плати по електронска пошта немаат добиено повратен одговор, а неофицијални поплаки има и за подмирување на боледувањата. За Министерот за финансии, пак, проектот „Бруто плати“ е завршена приказна.

Од Здружението на книговодители велат дека за сега единствен проблем е времето кое работодавачите и сметководителите го трошат
Oдобрувањето на пресметките се чека од денеска за утре.
пред шалтери. Претседателот на здружението Ленче Папазовска вели дека за одобрување на пресметаната плата се чека од денеска за утре

,,Отежнувањето се однесува на физичкото носење на УЈП во управата и дополнителен проблем е што тие се селат од едни во други простории, па тоа е дополнителен проблем и за нас и за нив."

Сличен систем претходно беше воспоставен за пресметка на придонесите за пензиско и инвалидско осигурување. Но тогаш, немаше посериозни проблеми при поднесувањето на пријавите. Папазова вели дека пријавите за ПИОМ се испраќале по електронска пошта а одговорот пристигал за петнаесетина минути.

,,Кога одеше преку Фондот за пензиско, имавме прво три до шест месеци одеше пробно, а потоа преку електронска пошта за 15тина
За мене како Министер за финансии овој проект заврши кога помина првата пресметка, штом помина таа, онаа година што и лично ја вложив заврши
минути ги добивавме сите пресметки."

Од Министерството за финансии, пак, сметаат дека за сега системот функционира. Според податоците на институцијата, една третина или околу 19,000 претпријатија во земјава ги имаат поминато пресметките за плата во УЈП.

Министерот Трајко Славески вели дека веќе нема активно да се ангажира околу системот на Управата за јавни приходи.

,,За мене како Министер за финансии овој проект заврши кога помина првата пресметка, штом помина таа, онаа година што и лично ја вложив заврши."

Запрашан за проблемите, Славески топката ја префрла кај работодавачите

,,Сега работата е техничка и не забележуваме и нема да забележуваме во иднина како ќе се одвива."

Инаку, системот „Бруто плати“ предизвикувашер проблеми за книговодителите и работодавачирте уште од неговорто лансирање. Од Министерството за финансии нема коментар за тоа колку вработени немаат земено плата за Јануари.
XS
SM
MD
LG