Достапни линкови

Продолжува падот на македонската берза


Берзата во Њујорк
Берзата во Њујорк

Објавените позитивни финансиски извештаи на дел од македонските компании не ја поправи сликата на македонската берза. Познавачите оценуваат – кризата си го прави своето.

Дел од македонските компании ги објавија неревидираните финансиски извештаи, но тоа не придонесе за раст на нивните акции на македонската берза. Индексите се во надолен тренд а во изминативе две недели секој трговски ден завршува со мнозинство негативни вредности на акциите на повеќето компании. Брокерите велат дека кризата го прави своето и ги обесхрабрува инвеститорите, додека
Во моментот инвеститорите се претпазливи, скептични и го чекаат она дно кое сите ние го чекаме а никој не може да го предвиди
експертите додаваат дека неревидираните извештаи на компаниите не се доволни за да го охрабрат тргувањето.

Директорот на „Иново Статус“ Миа Зографска вели дека инвеститортите се воздржани поради светската криза

„Би кажала дека во моментот инвеститорите се претпазливи, скептични и го чекаат она дно кое сите ние го чекаме а никој не може да го предвиди“

Зографска вели дека за стабилизирање на вредноста на индексите и на хартиите од вредност ќе мора да се почека
„Според мое видување мислам дека ќе потрае уште некој период и би се стабилизирало и ќе почне од некоја точка, се надевам, порастот на хартиите од вредност.“

Берзата во Токио
Упатените се согласуваат со брокерите но додаваат дека од неревидираните финансиски извештаи на компаниите не може да се
Мислам дека ќе потрае уште некој период и би се стабилизирало и ќе почне од некоја точка, се надевам, порастот на хартиите од вредност
очекува големо раздвижување на берзата. Професорот Зоран Ивановски вели дека на инвеститорите им е потребна стратегија, што не се добива од неревидиран извештај

„Тоа значи дека сепак е потребно време и подлабоки анализи. Значи, од финансиските извештаи се гледаат само нето добивките во овој период. Потребни се и дополнителни анализи во однос на нивните потенцијали за развој, пласмани на странски пазари и така натаму. Дел од анализите се и веќе присутни за некои компании, но сепак не ги оправдуваат првичните резултати, значи не даваат целосна верба во нив.“

Инаку, од почетокот на февруари до почетокот на март на берзата е остварен промет од околу 258 милиони денари од сите пазарни сегменти преку 1975 трансакции. На официјалниот пазар се извршила 501 трансакција а вкупниот промет се проценува на 37 милиони денари.
XS
SM
MD
LG