Достапни линкови

Македонија нема струја за големите потрошувачи


Macedonia - Mepso Building, Skopje, 01Nov2008
Macedonia - Mepso Building, Skopje, 01Nov2008

Познавачите велат дека во Македонија е намалено произведеното количество на електрична енергија, па таа не стасува ниту за населението. Големите потрошувачи се приморани да увезуваат поскапа струја поради што се изложени на дополнителни трошоци. Извозно ориентиртаните ги затвораат погоните поради неисплатливост на производството.

Зголемувањето на цените на електричната енергија нема да влијае на големите потрошувачи, бидејки тие сами си ја увезуваат струјата од странство. Но од дел од овие компании велат дека поскапената струја која ќе се продава во Македонија ќе биде многу поефтина во однос
Од 2008 година е сто отсто набавуваме електрична енергија од надвор
на увозната струја. Енергетските експерти велат дека производството на електрична енергија во земјава е намалено и едвај ги задоволува потребите на населението.

Директорот на „Макстил“ Александар Панов вели дека во услови на криза, големите потрошувачи се изложени на дополнителни трошоци поради обврската сами да купуваат поскапа увозна струја.

„Во 2007 бевме 55 отсто надворешна, а 45 отсто домашна, додека од 2008 година е сто отсто набавуваме електрична енергија од надвор.“

ЕВН
Панов вели дека на големите потрошувачи би им било поповолно доколку се снабдуваат со електрична енергија во Македонија, но тоа за сега не е возможно.

„Така што ние не сме погодени од поскапувањето за граѓаните. Но, затоа плаќаме многу поскапа енергија отколку домашната, и
ЕВН ја зема сета произведена струја, уште им фалат 800 мегавати, па си купуваат. Големите им фалат сите нивни 2,000 или 2,500 мегавати зависи колку печки работат, и тие сите треба да си ги купат самите
поскапувањето што ќе биде е далеку поефтино од она што плаќаме надвор. Ние баравме со некој процент да бидеме во енергетскиот систем на Македонија, но не прифатија.“

Експертите потврдуваат дека во Македонија нема доволно струја за големите корисници. Атанаско Туневски тврди дека во последниов период се намалила количината на произведена електрична енергија во земјава.

„ЕВН ја зема сета, и уште и фали 800, па си купува. Големите им фалат сите нивни 2,000 или 2,500 зависи колку печки работат, и тие сите треба да си ги купат самите.“

Според Туневски, евентуален излез од ваквата ситуација би можело да биде Владина поддршка:

„За среќа или за жал, сега струјата не е за 80 евра по мегаватчас, туку 40. Така што и тој момент треба да се земе предвид, сега да купите струја е многу ефтино, затоа што никој не работи сите договори се откажани, ама сега тоа треба владата да седне и да рече, ние ќе ги помогнеме големите, со не знам што, на овој и овој начин. Но, никој ништо не зборува на таа тема.“

Инаку скапата струја и падиот на цените на одредени производи на светските пазари предизвикува дополнителни проблеми за големите компании во земјава. Извозно ориентиртаните ги затвораат погоните поради неисплатливост на производството. Последен случај е фабриката „Силмак“ која при крајот на минатата недела одлучи да ги прати последните 200 вработени на принуден одмор. Формално образложение од надлежните во фабриката беше дека поради падот на цените на феролегуриите на светските пазари, производниот процес станал неисплатлив.
XS
SM
MD
LG