Министерството за труд и социјална политика планира измени во Законот за работни односи во делот на синдикалното организирање. Додека Министерството за сега само потврдува дека законот ќе се менува и одбива коментира како, од сојузот на Синдикатите на Македонија велат дека планираните измени се со цел промоција на синдикалниот плурализам. Според Пецо Грујовски од ССМ, со модификациите ќе им се олесни на сите синдикални организации да се одвојат како посебни синдикати или конфедерации.
,,Синдикалниот плурализам во Македонија оди на штета на синдикалните активности, на синдикалното единство и оди во насока на расцепување и неутрализирање на синдикатот на негова неефикасност во дејствувањето во што морам да кажам дека власта успева."
Грујовски смета дека со евентуалните измени во законот ќе се создадат многу синдикати, со што ќе биде потешко соодветно да се застапуваат правата на работниците.
,,Ако се расцепкаат тогаш ќе оди тоа на штета на работниците, а во корист на поединци, па така ќе имаме многу синдикати, многу конфедерации кои ќе имаат лична корист и да речам на некој начин ќе се афирмираат пред одредена група. Значи, сето тоа ќе оди на штета на синдикалното движење, на штета на синдикалното движење."
Грујовски додава дека и во сегашната ситуација е тешко соодветно да се одбранат правата на работниците. Од конфедерацијата на слободни синдикати, пак, со спротивен став. Дојчин Цветановски смета дека треба да се охрабрува синдикалниот плурализам:
,,Друго е од аспект на работниците на покажување на единство на синдикално организирање, дали работниците и нивните грански синдикати ќе почувствуваат потреба за обединување во една организација или во две."
Според Цветановски, централизацијата на синдикатите не води до подобра борба и одбрана на правата на работниците.
,,Она што беше до пред две три години во Македонија, постоењето на една федерација, држење на монопол, исто така се покажа како многу погубно од аспект на интересите на работниците."
Инаку последните измени на Законот за работните односи беа направени во летниот период минатата година. Тогашните измени предизвикаа негодувања меѓу дел од синдикатите и работниците.
Синдикалниот плурализам во Македонија оди на штета на синдикалните активности, на синдикалното единство и оди во насока на расцепување и неутрализирање на синдикатот на негова неефикасност во дејствувањето во што морам да кажам дека власта успева
,,Синдикалниот плурализам во Македонија оди на штета на синдикалните активности, на синдикалното единство и оди во насока на расцепување и неутрализирање на синдикатот на негова неефикасност во дејствувањето во што морам да кажам дека власта успева."
Грујовски смета дека со евентуалните измени во законот ќе се создадат многу синдикати, со што ќе биде потешко соодветно да се застапуваат правата на работниците.
,,Ако се расцепкаат тогаш ќе оди тоа на штета на работниците, а во корист на поединци, па така ќе имаме многу синдикати, многу конфедерации кои ќе имаат лична корист и да речам на некој начин ќе се афирмираат пред одредена група. Значи, сето тоа ќе оди на штета на синдикалното движење, на штета на синдикалното движење."
Грујовски додава дека и во сегашната ситуација е тешко соодветно да се одбранат правата на работниците. Од конфедерацијата на слободни синдикати, пак, со спротивен став. Дојчин Цветановски смета дека треба да се охрабрува синдикалниот плурализам:
,,Друго е од аспект на работниците на покажување на единство на синдикално организирање, дали работниците и нивните грански синдикати ќе почувствуваат потреба за обединување во една организација или во две."
Она што беше до пред две три години во Македонија, постоењето на една федерација, држење на монопол, исто така се покажа како многу погубно од аспект на интересите на работниците.