Достапни линкови

Денеска информативен разговор меѓу Санадер и Пахор


По тешките зборови што во изминативе денови беа разменети на релација Загреб, Љубљана, можеби на повидок е започнување на решавањето на кризата во односите меѓу Хрватска и Словенија. Премиерите Иво Санадер и Борут Пахор денеска, како што е најавено, ќе одржат информативен состанок во врска со решавањето на граничниот спор кој се заканува да ги забави хрватските инетнции кон НАТО и Европската унија.

За хрватскиот претседател Стипе Месиќ, Словенија со своето инсистирање на политичко, а не на судско решение на граничниот спор, всушност ја уценува Хрватска и се однесува неевропски. Словенечкиот претседател Данило Тирк кој го дематира тоа како невистинито, сепак остро го критикуваше премиерот Борут Пахор дека со евентуалниот референдум за приемот на Хрватска во НАТО имал намера одговорноста за заострувањето на проблемот да ја префли врз граѓаните. Станува збор за симболично наметнати проблеми во односите меѓу двете земји, вели политичкиот аналитичар и професор по политичка филозофија на Универзиетот во Загреб Жарко Пуховски. Според него, реалните проблеми како словенечкиот долг за неколку илјади штедачи во Љубљанска банка или нуклераната централа Кршко и нерешениот проблем со нуклеарниот отпад и натаму остануваат настрана:

„Овој симболичен проблем словенечката страна овој пат го доведе до пароксизам, а притоа, за наша утеха ни покажа дека примитивниот национализам не постои само надвор од ѕидовите на Европската унија, туку и во неа.“

Оценува професор Пуховски, додавајќи дека словенечките политичари покренале нешто што веќе не можат да го контролираат.

„За Хрватска е битно дека со тоа е создадена можност, домашната власт да манипулира со надворешни глупости, а со цел да прикрие дека нема решенија за големите, пред се стопански проблеми во земјата.“

Вели Пуховски. Словенечката политика се пресметала поигрувајќи си ратификувањето на хрватскиот протокол за влез во НАТО, проценува поранешниот шеф на хрватска дипломатија Мате Граниќ, додавајќи дека на крајот сепак ќе дојде до референдум по што Словенија ќе се судри со целата структура на Алијансата:

„А тука, механизмите се погруби отколку кај Европскта унија. Длабоко верувам дека Словенија ќе биде под силен притсок на Соединетите држави кои нема да имаат никакво разбирање за потезите на сегашната словенечка валад.“

Кризата во односите меѓу двете држави е најдлабока досега, а предлогот на Европската комсија за медијаторство што би го водел Марти Ахтисари е прифатлив, но под еден услов вели Граниќ:

„Единствено можно решение е Словенија целосно да ги деблокира хрватските преговори за членство во Европскта унија. Во тој случај како еден од механизмите би можело да биде медијаторството.“

Дури потоа, според Граниќ, доаѓа можноста од заминување пред Меѓународниот суд на правдата.
XS
SM
MD
LG