Достапни линкови

Организирањето фер и демократски избори топ приоритет за партиите


Гласачко место
Гласачко место

Закажана партиска средба за отворен дијалог - неизвесен само лидерот на ДПА Мендух Тачи

Социјалдемократскиот Сојуз и Демократската унија за интеграција го потврдија учествотото на претстојната лидерска средба, откако премиерот Никола Груевски ги повика лидерите на трите најголеми парламентарни партии нa средба која би била посветена на прашањата поврзани со мартовските избори.

В.Д. лидерот на СДСМ, Зоран Заев изјави дека е вакви средби се добредојдени и може да предизвикаат нови идеи кои според него би придонеле за одржување на демократска атмосфера и спроведување на фер избори. Заев посочува дека на средбата СДСМ ќе настапи и со свои предлози.

„Ќе предлолжиме координаторите на политичките партии, тие не се директни учесници на овие избори, а може да бидат мост за размена на информации меѓу партиите, меѓу штабовите на најголемите политички субјекти.“

Едно од прашањата кое СДСМ очекува да се разгледува на претстојната средба е да се предвидат евентуалните неправислности на изборните циклуси:

„Очекувам да се разгледува и да се предвидат сите евентуални можности да ги загризат изборите, а со тоа сите заедно да делуваме превентивно во нивното решавање и отстранување.“

И од ДУИ велат дека лидерската средба би можела да помогне да се создадат поволни услови за одржување на успешни избори. Рафиз Алити од оваа партија вели дека на средбата ќе присуствува највиското раководство на оваа партија, но не открива кои прашања ќе ги покрене ДУИ на истата.

„Ние очекуваме после вакви средби да излезе порака за организирање фер и деморатски избори.“

Само од Демократската партија на Албанците не добивме одговор за тоа дали лидерот на партијата Мендух Тачи ќе учествува на средбата. Велат за тоа требало да одлучи само Тачи.Останатите членови на партијата тврдат дека не знаат ништо околу ова прашање.
Во вчерашната покана на премиерот Груевски до лидерите на СДСМ, ДУИ и ДПА се наведува дека би било добро да се оствари заедничка средба на која би присуствувале лидерите на четирите најголеми политички партии. Земајќи го предвид фактот што успешното одвивање на изборите е предодредено од политичката волја, позитивниот пристап и посветеноста на сите политички субјекти во земјава, а со цел градење на позитивна атмосфера пред изборите.
XS
SM
MD
LG