Достапни линкови

На Балканот му е потребна евроатлантска интеграција за затварање на овие теми, велат експертите


Безбедносниот аспект, во рамки на предизвикот да се создаде стабилно демократско општество на Косово, една година по прогласувањето на независноста, се чини сеуште актуелна тема која се поврзува со балканскиот регион. Се дефинираа ли границите на Балканот со прогласувањето на косовската независносност, претстои ли опасност од нови превирања, се прашања кои што оживуваат со секое ново случување на Косово. Аналитичарот Слободан Чашуле, смета дека ,,жариштата“ од безбедносен аспект на Балканот секогаш постојат, и тоа според него ќе се реши само преку интеграцијата на регионот во евроатлантските структури:

„Тој процес на Македонија повеќе и одговора отколку еден интерегрум во кој и натаму ќе продолжи разградбата на унитарни држави, со нивна внатрешна поделба. Во Македонија има такви сили кои се нереалистични, кои не им одговараат во овој момент на интересите на албанските политичари и на нивната економска елита, но постојат како жаришта кои можат да предизвикаат криза.“

Смета Чашуле кој во тој контекст додава дека косовската држава е пред предизвикот да го интегрира својот северен дел, претежно населен со срби, посебно по планот на ОН за реконфигурација на мисијата на Косово, за кој косовските власти сметаат дека преставува посегнување по суверенитетот на земјата, а такви сценарија одвреме навреме оживуваат и се поврзуваат со прешевската долина.

„Во таква ситуација нам ни е потребно што побргу консолидирано и поконтрола Косово за да може да ги гради вредностите на суверена држава, бидејќи ако остане интерегрум тој ќе биде ,,пленик“ на организираниот криминал, а тоа значи оттука да се шири наоколу.“

Изјавува Чашуле. Но, со неговото мислење не се согласува професорот Осман Кадриу. Смета дека со независноста на Косово, и покрај бројните предизвици, вечните теми на балканот за можно прекројување на границите се затворени. Како практичен пример го наведува и успешното затварање на прашањето за демаркација на границата меѓу Македонија и Косово:

„И негледам дека во скоро време или во иднина да има некои нови политички прашања, или нерешени спорови.“

Посочува Кадриу. Косовските власти на денешен ден минатата година со усвојувањето на Декларација во Парламентот прогласија независност. Во нема меѓу другото е наведено дека Ксово ги превзема меѓународните обврски, обезбедува сигурност на границите со соседните земји и се откажува од насилство како еден од начините за решавање на несогласувањата.
XS
SM
MD
LG