Достапни линкови

Косово сеуште се соочува со предизвици


Една година од Косовската независност. Односите со Македонија добри, безбедносните ризици и натаму постојат

Бројни проблеми сеуште постојат на Косово, кое е пред предизвикот да изгради стабилно демократско општество, а нестабилен сосед секако не и одговара на Македонија, смета домашната стручна јавност. Во пресрет на утрешното одбележување една година од прогласувањето на косовската независност, оценките на експертите се дека токму проблематичната ситуација и многуте проблеми со кои се соочува нашиот северен сосед не оставаат доволно простор за подлабоки оценки што донесе независноста, бидејќи Косово е почетокот од градењето на државноста, која засега е само набљудувана. Сепак политичките релации меѓу Македонија и Косово изминатава година се оценуваат како релативно добри, но безбедноста е она што постојано го врти вниманитето на јавноста. Професорот Владимир Пивоваров можните безбедносни ризици ги гледа во организираниот криминал, кој ,,цути“ во косовската држава:

„Значи секој сериозен проблем од Косово, брзо ќе се прелее кај нас. Тука сериозно треба да бидеме загрижени и треба да преземе мерки, се што е во наша моќ, да ги спречиме овие појави.“

За разлика од Пивоваров, аналитичарот Ризван Сулејмани е на мислење дека наспроти сите стравувања дека косовската независност ќе генерира нестабилност, во случајот на Македонија со успешното решавање на проблемост со демаркација на границата, се покажа спротивното. Но, тој додава дека сепак натамошниот развој на настаните зависи од прифаќањето на новата реалност од поширокото соседство:

„Сето тоа се инидикатори кои укажуваат на тоа дека на Косово може да се развие една стабилна демократија и држава, нормално тоа долгорочно ќе зависи колку соседите ќе го прифатат тоа како реалност и ќе воспостават коректни и односи без предрасуди со таа држава.“

Оттаму според Сулејмани, настрана политиката на соседите Македонија треба многу похрабро да започне да ги гради односите со Косово:

„Затоа што и економските односи не упатуваат на тоа, но и другата реалност, односно албанците кои што живеат на едната и другата страна и тоа треба да се прифати како предност, а тоа и се покажа досега. Многу помалку гранични инциденти, многу помалку дури и идеи за некои нови прегрупирања доаѓаат после независноста, отколку претходно.“

смета Сулејмани. Македонија ја призна независноста на Косово на почетокот на октоври во исто време со Црна Гора.
XS
SM
MD
LG