Достапни линкови

Низа мерки – намалени даноци и зголемена јавна потрошувачка


Неколку часа отакако во Претставничкиот дом на американскиот Конгрес беше одобрен Стимулативниот пакет, во вредност од седумстотини осумдесет и седум милијарди долари, идентичен документ беше одобрен и во Сенатот. За да стане закон тој сега треба да биде потпишан од претседателот Барак Обама. Станува збор за план во кој се комбинирани низа мерки, од намалување на даноците, преку владино инвестирање во инфраструктурата, па до помош во здравствената заштита.

,,Имаме шанса која ни се дава еднаш во нашата генерација да дејствуваме смело и немаштијата да ја претвориме во можност, а оваа криза да ја искористиме како шанса да ја трансформираме нашата економија за Дваесет и првиот век. Тоа е главната цел на овој План за заздравување."

изјави претседателот Барак Обама, додавајќи дека со пакетот во наредните две години ќе бидат зачувани и отворени над три ипол милиони работни места.
XS
SM
MD
LG