Достапни линкови

Македонија останува на позициите пред денешната средба за името


Денешната средба Јолевски-Василакис во Њујорк ќе биде само во функција на информирање за досегашните позиции, запознавање на преговарачите и утцврдување на времеснката рамка во која би отпочнале реални преговори. Не се очекува нов предлог од страна на медијаторот Нимиц. Македонија ќе остане на поснатите позии, информираат од Владата а не е неизвесно ниту со какви позиции ќе настапи грчката страна. Шефицата на грчката дипломатија Дора Бакојани во пресрет на продолжувањето на преговорите изјави дека Атина нема никакви очекувања од денешната средба а го обнови и обвинувањето кон македонската влада дека со краен национализам и провокации не може да се создаде позитивна атмосфера меѓу двете држави. Македонскиот претседател Бранко Црвенковски при посетата на Бугарија изјави дека Македонија е подготвена да бара решение но не е подготвена да трпи диктат од страна на Грција. Изборите кои се подговуваат во Македонија како и оние кои се очекуваат во Грција се уште еден елемент кој ги прави беспредметни евентуалните нови иницијативи кои би потекнале од медијаторот Нимиц. Освен тоа, отпочнатиот процес пред судот во Хаг според мислењето на аналитичарот Јана Лозановска може да влијае на текот на преговорите во овој период.

„Пред се изборите кај нас и она што е постапка пред Меѓународниот суд за правда значи и двете страни ќе го очекуваат исходот од судот околу повредата на Времената спогодба.“

Вели Лозановска. Раздвижување на целиот процес не се очекува до крајот на летото. Во Владата очекуваат дека по денешната повеќе техничка средба можеби медијаторот Нимиц ќе има поединечни средби кои ќе донесат нешто поконкретно на следната рунда преговори. Денешната средба е прва за новиот македонски преговарач Зоран Јолевски кој на оваа позиција беше именуван кон крајот на минатата година откако претседателот го смени Никола Димитров.
Во меѓувреме се слушнаа и проценките на познавачите на приликите во македонско-грчкиот спор кои се повеќе го нарекуваат овој проблем европски и упатуваат на негово решавање во рамките на Европската Унија. Проблемот треба да се решава со механизмите на Европската Унија кога не успеаја механизмите на ООН изјави познатиот американски лобист Брус Џексон во Минхен.
XS
SM
MD
LG