Достапни линкови

Работниците први на удар


Светската економска криза први ја почувствуваа вработените. Фирмите, поради намалената побарувачка се потешко работат што пак директно се одразува врз намалување на бројот на работните места. Економските велесили веќе бележат рекордна невработеност. Како е во регионот, кој и пред глобалната криза се соочуваше со голема стапка на невработеност.

Работниците ни криви ни должни се првите жртви на светската економска криза за која, според експертите, најодоговорни се шефовите на големите финансиски институции во светот. Последиците веќе почнаа да ги чувтсвуваат и вработените во земјите од регионот. Во Хрватска стапката на невработеност е над тринаесет насто, слично е и во Србија, додека за Босна и Херцеговина се проценува дека таа годинава би достигнала четириесет и три проценти. Во некои босански фирми веќе се прават планови за отпуштање работници, како единствен излез за одржување на производството:

„Доколку државата не преземе итни и радикални мерки, мислам дека ќе настапи голема стопанска и економска криза. Државата мора да ни помогне, бидејќи банките ни ги прекинаа кредитите.“

Вели Ферид Мушановиќ директор на сараевски Ферпласт. Во Хрватска, според последните анкети, дури осумдесет насто од вработените страхуваат дека поради кризата, би можеле да останат без работа. ,,Ние постојано сме во некоја криза, вели Марјан Томиќиќ од Сојузот на самостојни синдикати. Потсетувајќи дека во Хрватска веќе има над двесте и пеесет илјади невработените тој додава:

„Хрватите не гледаат причина да излезат на улиците како што се случува во Италија. Поважно ние е ракометното првенство. Французите освоија злато, а штрајкуваат.“

И вработените во Србија страхуваат за своите места, иако владата најави некои мерки за справување со економската криза. Се проценува дека последиците ќе бидат многу подраматични во втората половина од годинава.

„Ние никако да раздвоиме две работи, имаме наша криза која се влече од доаѓањето на Милошевиќ на власт, а сега имаме и светска криза. Решенијата за нив не се исти.“

Вели Бранислав Чанак, лидер на синдикатот

Незвисност, додавајќи дека најлошо ќе биде ако светската криза се искористи за покривање на проблемите од времето на Милошевиќ. Во Црна Гора, засега глобалната криза не предизвика поголемо губење на бројот на работните места, но пробели веќе се јавуваат. Во Комбинатот за алуминиум на рускиот тајкун Олег Дерипаска кој вработува три илјади луѓе веќе неколку месеци ситуацијата е неизвесна поради падот на цената на алуминиумот:

„Просечната плата во Прераобтка е триста евра. Се задолжуваме, за да опстанеме. Бараме да ни се заштити нашиот билиошки опстанок.“

Вели еден од вработените во Комбинатот. Што се однесува до Косово, стапката на невработеност, таму е и онака огромна.

„Бројот на оние што се пријавени како невработени се движи околу четириесет и два насто. Станува збор за триста триесет и пет илјади луѓе.“

Наведува директорот на Дирекцијата за вработување Дефљим Рифај, кој не ја исклучува можноста тој број да е многу поголем. Неофицијално стапката е над шеесет проценти.
XS
SM
MD
LG