Достапни линкови

Недостастуваат механизми за кривично гонење при вакви случаи, објаснува професорот Борче Давитковски


82 укажувања до сега изрекла Државната Антикорупциска комисија за вработувања во предизборието. Со нив се опфатени околу 550 лица. Партиите тргнуваат од фактот дека тоа е најлесно остварливо влијание врз гласачите со оглед на големата невработеност во земјава и егзистенцијалените проблеми со кои живеат македонските граѓани, вели претседателката на антикорупциската комисија Мирјана Димовска укажувајќи на вработувањата како специфика на последните два изборни циклуси.

„Излеговме од фазата кога се правеа ,,патчиња“. Спецификата 2008 година, а очигледно и овој пат е на планот на вработувањето.“

Вели Димовска која ќе биде гостин на неделното интервју на Радио Слободна Европа. 22 од овие укажувања до овој момент се стопирани по укажувањата на комисијата. Полесно оди со огласите објавени од страна на Агенцијата за државни службеници што не е случај со останатите слободни одгласи според законот за работни односи. Доколку се работи за редовно планирани и за нив се обезбедени наменски срества а постапката е започната пред 10 јануари таа може да заврши за сите останати вработувања комијата препорачува воздржување.

„И дури и специфичните случаи ги разлгедуваме несакајќи да се закочи нечија работа, има решение на правно издржан начин и тоа го даваме во нашето мислење, но интересно е што имате да речеме вработувања во Македонски Шуми кои што само со неколку огласи тоа продолжува и натаму од повеќе стотини, да не набројувам и други институции. Тука немаме никаква дилема како ќе постапиме доколку навистина не се застене со овој процес, затоа што е повеќе од индикативно дека овој институт се злоупотребува.“

Вели Димовска. Вработувањата се класичен партиски рефрен во предизборието. Освен како форма на влијение врз гласачите тие се користат и како форма за оцрнување на политичкиот противник. Опозицијата ја напаѓа власта, а власта опозицијата за партиски вработувања на локално ниво. Целата работа и завршува овде на објавување на прес конференции и укажување од страна на Антикорупциската Комисја вели професорот Борче Давитковски. Недостасуваат механизмите за продолжување на постапката која би завршила со кривично гонење за ваквите случаи. Комисијата има надлежности да детектира неправилности а и недостасува спрегата со органите на прогон за да се постигнат конкретни резултати, вели Давитковски. Тоа е една од аномалиите на законост за спречување на корупцијата.

„Мора да се смени законот во смисла на тоа укажувањата, прво Антикорупциската комисија да мора да покрене постапка кога ќе воочи недостатоци и второ од облигаторно органите да постапуваат, да покренат постапки и да изрекуваат санкции. Доколку тоа не се обезбеди, односно се сведе само на укажување се поставува прашањето кој е ефектот од работата на Антикорупциската комисија.“

вели Давитковски.
XS
SM
MD
LG