Достапни линкови

Претставниците на власта во Босна не се изненадени бидејќи се свесни за застојот во рeформите


Високиот претставник во Босна и Херцеговина Мирослав Лајчак, прв пат откако ја презеде должноста шеф на словачката дипломатија, призна дека од Босна не заминува само поради новата функција, туку и поради тоа што не гледа простор да ја реализира својата визија со која пристигнал во Сараево, Босна на патот кон Европската унија.

Високиот претставник во Босна и Херцеговина Мирослав Лајчак смета дека покрај нејасната политика на меѓународната заедница за патот на Босна и Херцеговина кон Европа, проблем претставуваат и претставниците на политичките партии во земјата.

Реков дека Европската унија е загрижена со тоа дека се создава чувство оти политичките лидери во Босна недоволно сериозно и одговорно ги презедоа своите обврски на европскиот пат. Тоа мора да се промени.

Претставниците на власта во Босна и Херцеговина не се изненадени со оваа изјава на Лајчак. Но, некои од нив му забележуваат тоа што тој ова го кажува откако ја напушти функцијата прв човек на меѓународната заедница во Босна. Пратеникот на Партијата за демократска акција Садик Ахметовиќ вели дека и Лајчак има дел од одговорноста за застојот на реформите во Босна.

Бидејќи во рацете на високиот претставник е огромна власт кога е во прашање отстранување на пречките и на сите оние што стојат на босанскиот пат кон Европската унија. Без да го потценувам она што тој го стори за Босна, сепак мислам дека таквиот изговор не може да биде негово единствено оправдување.

Во Социјадемократската партија пак, велат дека Мирослав Лајчак во своите изјави не измислил ништо ново, бидејќи е видливо дека има застој во реформите и оти до него дојде по неусвојувањето на пакетот уставни промени во април минатата година.

Јас мислам дека секој висок претсвник на крајот си оди незадоволен од конесензусот што го има во светот околу неговиот мандат и неговите ингеренции. И тоа е уште една наша голема трагедија во низата, односно секогаш интересите на големите да се кршат на нашата мала Босна и Херцеговина.

Вели пратеникот Мирјана Малиќ. И повеќето претставници на власта сметаат дека позицијата на високиот претставник во Босна и Херцеговина треба да биде задржана, барем до промената на Уставот на земјата за кој велат дека е сложен. Секое друго решение, според нив, ќе направи големи проблеми во функционирањето на Босна и Херцеговина.
XS
SM
MD
LG