Достапни линкови

Локалните избори наспроти изборите за претседател на државата паѓаат во втор план


Викендов ќе биде раздвижено во македоснките партии. Конкусот за избор на претеседател во ВМРО ДПМНЕ завршува денеска. Од утре како што најавуваат од партијата почнува конвенцијата која ке финишира во недела со изборот на нивниот кандидат за претседател. Во СДСМ пак работата е во рацете на општинските организации кои како што објанува Андреј Петров врз основа на процедурите и правилниците на партијата предлагаат кандидати

„Сето тоа треба да се испочитува, да се предложат соодветни личности, потоа решава Централниот одбор на партијата и завршниот збор е на Конвенцијата.“

Името на кандидатот на Социјалдемократите официјално јавноста ке го дознае во понедленик попладне откако делегатите ке гласаат на конвенција. Денеска од партијата не сакаа да ја коментираат можноста да го подржат кандиатот на либералите Нано Ружин. Иако официјалното произнесување на делегатите на ВМРО ДПМНЕ е закажано за во недела сепак речиси извесно е дека тие на претседателските избори ке настап со професорот Ѓеорѓе Иванов. Неофицијално постои и цврст договор мегу Груевски и Ахмети за подршка на Иванов. Но, околу тоа што конкретно договориле деновиве молчат во ДУИ, а од ВМРО ДПМНЕ пак негираа дека постои таен договор. И ДПА на Тачи засега не се знае како ке настапи и на кого ке ја даде подршката. Во претседателската трка е извесно дека како кандидат влегува Имер Селмани од Нова Демократија, кандидатура која според некои експерти може да им ги помати плановите за подршка на Иванов од страна на ДУИ бидејки според нивните проценки гласовите на албанскиот електорат би можеле да отидат кај Селмани. Во мегувреме додека се прават калкулациите за имињата и за подршката на претседателските кандидати локалните избори пагаат во втор план. Според аналитичарот Гунер Исмаил тоа што изборот на шеф на државата и гласање за градоначалници е во ист ден е смслен потег на македонските политичари:

„За жал политичарите кај нас полесно им е да се расфрлаат со големи политички фрази, за големите политички вистини, отколку да расправаат со граѓаните за тоа како ќе соработуваат со нив во наредните четири години и што тие се подготвени во конкретниот живот на граѓаните да сторат. Тоа се разбира политичарите ниту се подготвени да го прават, ниту сакаат, ниту знаат.“

вели Исмаил и додава се работи потполно различни но подеднакво важни избори. Според него воопшто не треба да се занемеарува гласањето за градоначалници бидејки како што вели тоа е поврзано со децентрализцаијата кој е важен процес со цел демократизација на општетството.
XS
SM
MD
LG