Достапни линкови

Барак Обама станува 44 претседател на САД


Денеска Барака Обама станува четириесет и четврти претседател на Соединетите држави. Главниот момент на целодневните церемонии ќе биде кога Обама ќе даде заклетва на скалилата пред Капитолот. Настан кој се очекува директно во Вашингтон да го следат над два милиона луѓе.

Кога Барак Обама ќе даде заклетва тоа ќе го направи врз Библијата што ја употреби и неговиот политички идол и херој Абрахам Линколн кога стана шеснаесетти американски претседател во илјада деветстотини шеесет и првата година. До атентатот врз него четири години потоа Линколн успеа да го зачува единството на нацијата, победувајќи во Граѓанската војна и да го укине ропството. Оваа година се навршубаат двесте години од раѓањето на Линколн кој како и Обама беше политичар од Илиноис. И покрај ваквите детали денешната пеесет и шеста претседателска инаугурација ќе биде се друга освен традиционална: Обама е првиот црн претседател во американската историја. Самата инаугурацијата која ќе трае скоро цел ден урива неколку рекорди: е најскапа, најобезбедена и најгледана досега. Веќе се потрошени над пеесет милиони долари за нејзините подготовки. На саботниот концерт како подготовка на денешните церемонии Барак Обама изјави:

,,Во текот на нашата историја, само од мал број генерации беше побарано да се спротивстават на предизвици толку сериозни како овие со кои се соочуваме сега. Нашата земја е во војна. Нашата економија е во криза."

Барак Обама до американскиот Капитол ќе стигне со специјален автомобил Кадилак кој уште сега поради опременоста со најмодерна технологија го нарекуваат Чудовиште. На скалите пред Киптолот, Обама и неговото семејство ќе бидат сместени зад стаклена завеса во простор кој ќе биде специјално загреван. Најпрвин заклетва треба да даде потпретседателот Џозеф Бајден, а по него и Барак Обама по што следува неговиот можеби најважен говор во животот: инаугуралното обраќање. Половина час од заклетвата Соединетите држави ќе го имаат својот четириесет и четвртти претседател, по што Барак Обама, неговиот претходник Џорџ Буш и двесте други поканети ќе ручаат во внатрешноста на Капитол. Следуваат паради, балови и други прослави до доцна во ноќта. Сето тоа ќе го обезбедуваат над дваесет илјади полицајци.
XS
SM
MD
LG