Достапни линкови

Додека дојдеме на дневен ред се ќе зависи од нашата ,,умешност“ за лобирање, велат аналитичарите


Претстојната инаугурација на новиот американски претседател Барак Обама е момент на надеж, со овие зборови американскиот претседател во заминување Џорџ Буш се обрати деновиве во својот последен говор од Белата Куќа во освртот на неговиот осум годишен мандат. А надежи и очекувања се сумираат и во Македонија и најчесто се поврзуваат со тоа што ќе донесе политиката на новоизбораниот американски претседател Обама, во врска посебно со нашето зачленување во НАТО, односно спорот со името со соседна Грција. Прашање за нас од круцијално значење, а кое што доби значајно внимание од претходната администрација на Буш, посебно по за земјава неуспешниот самит во Букурешт. Дел од експертите се сигурни дека американската стратегија во однос на Македонија е цврсто дефинирана:

„Се очекува да се види каков ќе биде ставот на претседателот Обама во поглед на прашањето околу спорот за името со Грција, но мислам дека Америка сепак ќе остане посветена на македонските евро-атлантски интеграции.“

Вели Илија Талев од Центарот за истражување и креирање политики. Со ова се согласува и аналитичарот Слободан Чашуле, но смета дека пред бројните предизвици со кои ќе се соочи новата американска админситрација македонското прашање во поглед на спорот со името што пак е повразно со нашето членство во НАТО, ќе биде потиснато:

„Нивото на интензитет на нашиот проблем во споредба со Блискиот Исток, Иран, Авганистан и Ирак, говори дека новиот американски претседател на својата маса има агенда во која агендата на Република Македонија е еден од последните, ако не и претпоследни приоритети.“

Оттаму додава Чашуле, додека пред новата американска администрација дојде на дневен ред нашиот проблем, се ќе зависи од македонската дипломатија и умешност за лобирање за да се докаже важноста за стабилноста на Балканот:

„Ние ќе треба на Соединетите Држави сега во рамките на нивна потреба Косово да не биде жариштето на нова криза со последици и во Македонија, да им се објасни дека Грција ваква каква што е, да овозможи Македонија да влезе во НАТО преку примената на Привремената спогодба која е авторство на претседателот Клинтон, а Обама ќе сака да го има како решение, бидејќи таа припаѓа на еден негов претходник исто така од редовите на Демократската партија.“

Забележува аналитичарот Чашуле.
XS
SM
MD
LG