Достапни линкови

Експертите сметаат дека сегашниот старт навестува жестока изборна кампања


20 дена пред денот на изборите односно на втори март, започнува изборната кампања за претстојните преседателски и локални избори. Партиите како што соопштуваат во Државната изборна комисија 35 дена пред гласањето треба да ги достават листите на кандидати, а собирањето на потписи за кандидарање започнува десет дена по распишувањето на изборите и ќе трае 15 дена. Ова е второ поклопување на избори од осамостојувањето на државата. Во 1994 година граганите гласаа и за избор на пратеници и за претседателски кандидат, а сега ќе се изјаснуваат и на локални избори и за шеф на државата. Поради тоа во Скопје граѓаните ќе добиваат пет листи за гласање, листа со претседателски кандидати, и за градоначалници и советници посебно за општините и за градот, а во сите останати места ќа има по три гласачки ливчиња, едно за претседател, и за градоначалници и советници на општините.

„Поклопување на парламентарни и претседателски или локални и претседателски избори доаѓа бидејќи парламнтарните и локалните избори се оддржуваат на четири години, а претседателските за пет години.“

Изјавува портпаролот на ДИК Зоран Таневски. Во меѓувреме иако кампањата започнува дури за 20 дена, партиите очигледно започнаа со изборните активности. ДИК веќе презеде мерки со поднесување прекршочни пијави за партиите кои предвреме стартуваа со изборните активности. Билборди, предизборни посети, трибини, мегусебни обвинувања помеѓу главните партии од македонскиот и албанскиот блок, сето ова според експертите навестува жестока кампања:

„Не е исклучено кампањата да биде жестока, борбата меѓу политичките партии да биде жестока, меѓутоа се до оној момент додека е фер, додека не се користи во таа мерка говорот на омраза и додека нема насилство во изборната кампања што е најбитно од се, негледам причина зошто не би биле лути ривали како што беа и на минатите избори.“

смета политикологот Влакто Мисев. За професорот од Универзитетот на Југоисточна Европа Јетон Шасивари, ваквиот старт на кампањата не е нешто невообичаено, но предупредува дека партиите мора да се вразумат посебно поради тоа што веќе е јасно кажано колку овие избори се важни за дражавата:

„Затоа сметам дека нивото на свест на сите политички актери, вклучувајќи го тука и ДИК, мора да биде на задоволително ниво во поглед на тоа целокупниот изборен процес на крајот да се заокружи со позитивна оценка.“

вели професор Шасивари.
XS
SM
MD
LG