Достапни линкови

Продлабочување на проблемите во 2009 или пресврт?


Првиот голем сигнал дека има проблем се појави во Август 2007. Меѓутоа 2008 беше годината кога финансиската криза доби глобални размери клекнувајки ги на колена економиите на Соединетите Држави, Европа и Јапонија со за прв пат симултани рецесии од Втората Светска Војна. 2008 исто така го донесе крајот на Вол Стрит онаков каков што беше познат досега бидејки големата финансиска институција претрпе загуби под тежината на хиптекарната криза. Во 2008 имаше и серија на радикални мерки без преседан во кои Националните банки станаа единствени позајмувачи, а владите единствени потрошувачи.

Во 2008 изразите како финансиски стимул, кредитна криза станаа дел од секојдневниот говор. Во Јануари 2008 кога американскиот претседател Џорџ Буш призна дека е потребен стимулативен финансиски пакет сепак беше убеден во силата на економијата.

„Ние можеме да обезбедиме инекција со цел да го подржиме основното економско здравје, а тоа ке помогне економскиот сектор да мине низ прилагодувањата нужни поради ефектите од хипотекарниот пазар врз другите делови на економијата.“

За несреќа на Америка и други делови на светот хипотекраната криза веќе влијаеше на другите сектори. Премногу луѓе купуваа домови земајки кредити кои потоа не можеа да ги вратат а потоа банките позајмувачи почнаа да колабираат. Тоа пак предизвика несигурност, недоверба и банките станаа по одбивни во кредитирањето на бизнисите и кругот се рашири. Со тешкотиите да се добие заем – рецесијата започна да виси во воздухот. Во Март Џи Пи Морган го превзеде својот ривал Беар Стримс една од најголемите фирми на Вол Стрит. Во Јули демисионираше Индимак најголем американски кредитор. Тогаш нафтата беше 147 долари за баерл, а доларот во однос на еврото беше 1,60. И потоа дојдоа септемврискиет настани.

„Фани Меј и Фреди Мек се толку големи и толку влезени во нашиот финансиски систем што падот на еден од нив ке направи хаос на финансиските пазари.“

ке рече Хенри Поулсон американскиот чувар на Трезорот на 7 септември објавувајки го владиниот план за спас на двата гиганта – двете најголеми инвестициони банки. Но настаните почнаа да се одвиваат како на филмска лента. На 15 септеври беше објавен крахот на Леман Брадерс – една од најголемите свестки инвестициони банки, а другата Мерил Линч беше превземена од друга Банка. Следниот ден Американските Федерални резерви објавија мулти милјардерски план за спас ба осигурителниот гигант АЕГ. До крајот на мсесцот двете инвестициони банки Голдин Сач и Морган Стенли се сменија во обични комерцијални банки а големиот позајмувач Вашингтон Мјутчуал беше затворен. И се појавија и првите детали од планот на претседателот Буш за спас на финансиксиот сектор вреден 700 милијарди дилари. Некои, како Џорџ Сорос велат дека беше грешка што се дозволи падот на Леман Брадерс затоа што тоа предизвика верижна реакција. Европа дотогаш се измолкна од она што е интензитет на криза Мејд ин Америка, но ширењето неминовно започна да се движи преку Атлантикот. Британија ја национализираше Брадфорд енд Бингли, Банкарскиот систем на Исланд колабираше во Октомври а до крајот на овој месец паниката се рашири и во Русија. Рускиот премиер Владимир Путин за кризата ја обвини американската неодговорност

„Времето на доминација на една економија, на една валута е минато – еднаш за секогаш.“

Во меѓувреме сите покажуваа со прст на неодговорниет позајмувачи. Федералните резреви ги држеа каматите прениски предолго и во Декември беше потврдено дека и Соединетите Држави се во рецесија веќе цела година. Многумина спасот го гледаа во ММФ. Помош побараа Исланд, Унгарија, Латвија, Украина, Белорусија и Пакистан.
Во Соединетите Држави федералните резреви продолжија со чекори без преседан со позајмици за инвеститори, за кредитни картички, студентиски заеми и со длабоки резови и кратења на каматите. Помош побара и автомобилската индустрија или кон крајот на 2008 вкупниот владин пакет помош за спас изнесуваше 8,5 трилиони долари. И на крај малку црн хумор. Марк Твен пред 100 години напиша дека Октомври е најопасниот месец за шпекулации на берзите. Другите опасни се, велат останатите 11 месеци.
XS
SM
MD
LG