Достапни линкови

Многу отворени прашања, аналитичарите очекуваат неизвесна година


Македонија во 2009 година влегува со многу отворени прашања кои што создаваат можности за појава на безбедноси проблеми е оценката на повеќето аналитичари за деновите кои се пред нас. Останувањето на земјва надвор од НАТО поради спорот со името со Грција, најавите дека е можно одлачеување и од Евроспката Унија поради тој спор што би продлабочило јазпт мегу македонците и албанците во државава, случувањата во Косово и незадовослотво на тамошото мнозинзтво поради распоредувањето на мисијата ЕУЛЕКС генерално на овие ризици посочуваат безбеднсоите експерти.

Во моментов мегу македонскто и албанското население во земјава не постојат тензии туку недоверба која зависно од политиката која се води може да ескалира вели претседателот на Инстуот за политички и интеркултурни студии Ризван Сулејмани

„Секогаш кога се губи доверба кај лидерите, кога се нема доверба дека тие работат за нив, кога посебно кај македонската популација е поизразен процентот коишто не би сакале да живеат заедно со Албанците, сето тоа се предуслови за во одреден момент, зависно како ќе се рефлектира економската криза, може да се случат тензии кои во краен момент може да предизвикаат и улична демократија.“

Тој вели дека особено треба да се внимава на мартовски локални и претседателки избори кои доколку се слични на предвремените може да ја влошат состобата меѓу двете најголеми етнички заедници:

„Ако пак има инциденти, во локалните и претседателските избори посебно во западниот дел на Македонија, ќе биде добар изговор за Македонците и македонските елити дека ете ние се исполнивме, но помеѓу другото, Албанците се проблем, тие не може да се демократизираат, тие немаат капацитет за реформи. И другиот елемент, ако Албанија продолжува, како што кажав некои податоци дури и двоцифрен развој да има оваа година, тогаш би се поставило прашање кај Албанците, зошто па ние да мора да платиме толкава цена да останеме надвор од тие текови.“

2009 година ке биде исклучително тешка за Македонија на безбедносен план прогнозира професорот Владимир Пивоваров. Анализирајќи ја годината зад нас тој вели дека некои безбедносни закани се прелеваат и во новата година како на пример најавите за можна конферендација, формирање на република Илирида итн

„Имаме многу нерешени прашања. Прво, прашањето за името со Грција. Секако дека тоа се одразува во нашиот економски и општествен развој. Значи, поскоро наоѓање решение од интерес за Македонија, ќе биде многу подобро на патот кон ЕУ и НАТО, а со тоа ќе постигнеме и поголема стабилност.“

Олеснувањето на визниот систем за македоснките граѓани ке значи олеснување и и од безбедносен аспект смета аналитичарот Благоја Марковски. Тој вакавиот свој став го поткрепува со фактот дека последните испитувања на јавното мислење покажуваат дека за граѓаните најголем приоритет е патување без визи а влезот во Европската Унија и во НАТО се подолу на листата.

„И тоа е многу битно за граѓаните на Македонија. Ние како граѓани во моментов сме затворени во рамките на границите на Република Македонија.“

Во меѓувреме додека Македонија сеуште се соочува со внатрешните отворени прашања стигнаа предупредувања и за опасностите кои можат да дојдат од север. Имено незадволството на Албанците во косово расте поради распоредувањето на мисијата Еулекс а се отварата можности за поделба на новата држава по етничка линија на српски и албански дел. Таквата состојба сметаат некои аналитичари би можела да предизвика домино ефект па радикалните струи во земјава да побараат поделба и на Македонија. Професорот Назми Малиќи очекува да не дојде до таков развој на настаните во Косово поради преставниците на меѓународната заедниа кои би ја спречиле евентуалната поделба.

„Се разбира ако дојде до поделба на Косово, и ние во Македонија ќе се соочиме со такви стравувања, можеби и со такви проекти. Во таа насока можеме да очекуваме ново дизјанирање на гео политичката карта на Балканот.“

Кон крајот на 2008 година стравувањата за нови поделби на границите на Балканот ги подгреаа и изјавите на некои преставници на мегународната заедница. Еден од нив беше Професорот на вашингтонскиот Универзитет за национална одбрана, а поранешен аналитичар на ЦИА Стивен Мејер кој порача дека границите во регионот не се свети и дека тие можат да се променат споменувајќи ја и западна Македонија. Македонската министерка за внатрешни работи Гордана Јанкуловска пак во декемеври оцени дека посериозни закани и проблеми на границата кон Косово нема, но тамошната безбедносна состојба воопшто не е за потценување.
XS
SM
MD
LG