Достапни линкови

Политичката стабилност која не е на задоволително ниво пресудна за малите инвестиции


Џонсон Контролс, Лукоил, ЕВН, млекарницата Сведмилк, Сосиете Женерал, се дел од компаниите евидентирани во податоците за странски инвестици во Македонија. Останатите кои се споменуваа, како влезот на пример на британски Џонсон Мети или францускиот Монтипе, засега само на хартија, односно со нив сме само во фаза на потпишан меморандум за соработка. И покрај тоа што главниот приоритет на власта е привлекувањето на странски инвеститори сепак Македонија и натаму на меѓународните ранг листи останува на дното на држави според странски директни инвестиции, споредено со земјите од регионот. Директорот на Агенцијата за странски инвестиции Виктор Мизо, вели дека во Агенцијата не водат евиденција за тоа која компанија влегла во компаниите, туку имаат само вкупна бројка на директни странски инвестиции:

„Сумата за првите осум месеци од 2008 година е 407 милиони евра. Според мене секогаш може подобро, ако некој е задоволен со нешто било што во животот, нема да се стреми кон повеќе. Така да и со ова, има резултати, но секогаш тие може и да да се подобрат.“

Вели Мизо. Зошто воведувањето на бројните даночни реформи, намалувањето на административните процедури преку т.н. регулаторна гилотиња, едношалтерскиот систем, кампањи во странските медиуми во кои се повикуваат инвеститорите да вложуваат во земјава, па и бројните роад шоуа кој ги реализираше владата, не носат некои позначителни резултати. Властите посочуваат дека за тоа е потребно време, експертите пак велат:

„Повеќе бизнисмени, сериозни бизнисмени кои што гледаат на долг, а не на краток рок, се мислат подолго дали да соработуваат со овој регион, особено да инвестираат во регионот, бидејќи се плашат од таа политичка нестабилност.“

Смета професорот Ванчо Узунов укажувајќи колку е важна политичката стабилност, наспроти легитимните чекори што власта ги презема во обид за привлекување на странски инвеститори. Државава и во 2008 година не постигна некои значителни резултати на планот на намалувањето на бројот на невработени, кој изнесува околу 35%. Дополнително ценовниот шок како што беше образложено, кој ја зафати Европа, се прелеа и во Македонија. Следуваше пораст на цената на прехрамбените производи, на електричната енергија, на парното греење... Граѓаните забележуваат дека се потешко се живее:

„Тешко да излеземе на крај. Со мала пензија, а 1 500 денари ми се покачи парното, еве сега и струјата, тешко.“

„Со просечна плата од 200 евра, само за сметки и нешто основно да се купи леб и секој втор ден, млеко да се купи. Тешко.“

„Јас сум под стечај од 2005 година, живееме со платата од сопругата, со две деца на факултет... Еве пазарам, најлоши производи за да се прехраниме.“


И дополнително во последниот квартал од минатата година, притисокот од светската економска криза го почувствуваа и македонските компании. се огласи со 330 милиони евра, преку десет пакет мерки помош за реалниот сектор, откако последиците најпрво ги почуствуваа металуршката, текстилната индустрија, а повеќе од три илјади луѓе останаа без работа. Иако првично упатуваше смирувачки тонови, владата веќе почнaa да пристигнуваат изјави дека светската криза сигурно ќе ја почувствуваме во 2009-та година

„Барем во првата половина на 2009-та година тешко ќе се доаѓа до ликвидни средства од меѓународниот финансиски пазар. Секако и домашните банки ќе станат попретпазливи, не затоа што немаат средства туку затоа што секако ќе ги ценат и новите околности. Во врска со странските инвестиции, факт е и ние тоа отворено го кажавме, дека некои најавени инвеститори ги забавуваат, ги одложуваат своите конкретни одлуки за влез во Македонија, но тоа се случува во голем број земји од светот и нашата држава не е исклучок.“

Изјави во текот на декемрви во интерјву за нашето радио министерот за финансии Трајко Славески.
XS
SM
MD
LG