Достапни линкови

Најмалку 300 загинати, меѓу нив и педесетина цивили


Израелската офанзива во Појасот Газа трае веќе три дена. Во најновите напади на израелската авијација биле бомбардирани Исламскиот универзитет и седиштето на владата во Газа на Хамас. Досега биле убиени над триста луѓе, меѓу нив и пеесетина цивили. Израел почна да га мобилизира воените резервисти и вели дека води беспоштедна војна против палестинските милитанти. Во светот протести против израелската акција, а Европската унија и Обединетите нации побараа итен прекин на насилствата.

Израел веќе соопшти дека воената операција ќе продолжи се додека милитантите на Хамас не ги прекинат нападите од Појасот Газа.

Болниците во Газа биле преполни со ранети од нападите на израелската авијација. Повеќето од жртвите, како што наведуваат израелски извори, биле припадници на безбедносните сили на Хамас, но палестинските власти велат дека, меѓу нив имало и многу цивили. Посматрачите не ја исклучуваат оваа можност особено ако се има предвид тоа дека милитантите најчесто оперираат од места со цивилно население. Хамас веќе одговори дека ќе покрене одмазнички напади со бомбаши самоубици во територијата на Израел:

„Постои израелски план зад ваквиот страшен масакр во Палестина. Со нападите врз невини деца и жени тие имаат за цел да го уништат историскиот отпор на палестинците.“

Изјави лидерот на Хамас Исмаил Ханија. Израел го тврди спротивното: нападите биле одговор на скоро секојдневните гранатирања од милитаните во Газа, кои се интензивирале откако пред десетина дена истече шестмесечното примирје. Израелскиот министер за одбрана Ехуд Барак нареди и засилување на трупите на границата со Газа.

„Нашите почетни напади против воената машина на Хамас беа успешни, но ние не се сомневаме дека таа машина се уште е силна и убиствена.“

Изјави портпаролот на израелската влада Марк Регев.
Офанзивата на Израел предизвика протести во светот и апели за прекин на насилствата. Советот за безбедност на Обединетите нации побара од двете страни да преземат неопходни чекори за да ја спречат евентуалната хуманитарна криза за жителите на Појасот Газа.

„Време е за примирје, време е за прекин на сите непријателства во кои страдаат палестинците во Газа.“

Повика Генералниот секретар на Арапската лига Амр Муса. Во меѓувреме, иранскиот верски лидер Ајатолахот Али Хамнеи побара од муслиманските земји да го казнат Израел и го осуди, како што го нарече, молчењето на некои арапски лидери за она што се случува во Појасот Газа.

„Ќе се бориме, ќе умреме, но нема да се предадеме.“

Извикуваа протестантите во Техеран. Американската Бела Куќа за најновите насилства го обвини Хамас кој го прекинал примирјето, а од Израел побара да избегнува цивилни цели. Хамас е на власт во Газа откако пред две години победи на парламентарните избори, а Западните сили го обвинуваат, бидејќи одбива да се откаже од насилството и да го признае Израел.
XS
SM
MD
LG