Достапни линкови

Првин во реалниот, па во финансискиот сектор


Падот на индустрикото производство за 2,9 проценти за ноември само ги прави поочигледни влијанијата на светската економска криза во македонија. На голем број претпријатија коиштио се битни за македонија им се орткажани нарачките од странските партнери , имаат проблеми со наоѓање нови, со наплата и така натаму, објаснува професорот Ванчо Узунов.

Очигледно е дека кризата дојде и кај нас. И наместо во финансискиот сектор, прво се појави во реалниот сектор, а догодина ќе ја сретнеме и во финансискиот сектор

Професорот Панче Јовановски освен светската рецесија во падот на производството гледа и манифестација на карактерот на домашното производство, во квалитетот и во затвореноста која ккао што вели за мали економии во кио што спаѓа и нашата е крајно недозвлива.

Затворени сме од аспект на квалитетот на производството, затворени сме од непочитувањето на роковите, итепејовското однесување можеби ќе профункционира на балканските простори, меѓутоа надвор – не. Наместо да одиме кон пошироко мотворање на пазарите, последниве години ние одиме кон намалување на пазарот

Последиците од падот на индустриското производство можат да бидат многубројни се во зависност од учеството на соодветните гранки во вкупните приходи. Сепак станува збор за низа параметри кои се во директна зависност и кои можат негативно да се менуваат, предупредува професорот Узунов.

Прво ќе почне да паѓа индустриското производство, потоа ќе почнат да паѓаат приливите врз основа на извоз, трговскиот дефицит и понатаму ќе се зголемува,л тоа од друга страна ќе почне да се одразува и врз невработеноста, тоа ќе се одрази и врз буџетските приходи и расход, и врз работењето на банките и кога ќе видите, целата економија влегува во неповолна ситуација

Од друга страна, како последица на падот на индустрикото производство, професоерто узунов не исклучува опасност да се појави и притисок за менување на некои од макроекономските елементи како што е девисниот курс или некои други што може да влијае на макроекономската стабилност, па дури да дојде до инфлација и девелвација на денарот, заклучува Узунов.
XS
SM
MD
LG