Достапни линкови

Скептицизам во голем дел од српската јавност


Српската влада и Газпром вчера во Москва потпишаа договор за продажба на Нафтената индустрија на Србија на руската државна компанија Гаспромњефт за четиристотини милиони евра. Потоа, претседателите на Србија и на Русија Борис Тадиќ и Дмитриј Медведев потпишаа заедничка изјава за изграда во Србија на гасовод познат како Јужен тек. Сепак, во голем дел на српската јавност преовладува скептицизам во врска со иднината на овие договори.

Со заедничката изјава која претставува политичка гаранција за реализирање на проектот, претседателите Медведев и Тадиќ оценуваат дека бил направен голем чекор на патот кон натамошен развој на европскиот енергетски систем. Според Медведв, овие документи и обезбедуваат енергетска стабилност и на цела Европа.

Мислам дека од денеска меѓу Србија и Русија, постојат цврсти, пријателски и сигурни односи кои можат да се наречат стратегиско партнерство.

Претседателот Тадиќ, потсетувајќи дека со договорите се обезбедува долгорочно снабдување на Србија со гас и нафта изјави:

Многу сме задоволни што руската страна. Русија, што Гаспром како една респектибилна руска компанија настапува на српскиот пазар. Од денеска таа станува и наша, српска компанија.

Изјави Тадиќ. И покрај ваквите оптимистички тонови, во еден дел на српската јавност, преовладува скептичност особено околу изградбата на Јужниот тек. Ваквите сомневања се обиде да ги отстрани рускиот амбасадор во Белград Александар Конузин.

Зборот на претседателот на Русија и зборот на претседателот на Србија вредат многу повеќе од финансиките гаранции на пертпријатијата.

Изјави амбасадорот Конузин кој додава дека склучувањето на овие договори им помага на Србија, Русија и Европа.

Убеден сум дека ова ќе и помогне на Србија да ја зацврсти својата позиција во процесот на преговорите за статус на членка на Европската унија.

За дел од српската стручна јавност, Србија од овие договори ќе нема ни економска, ни политичка полза, односно дека Нафтената индустрија им била подарена на русите:

Србија денес би требало да жали, а не да слави. Од овие денеска потпишани договори корист ќе има само Русија. Српската влада покажа дека не води грижа за сопствената земја и сопствената економија.

Оценува Сијка Пиштолова, уредник на сајтот Енерџи обзервер, додавајќи дека не би била изненадена ако по неколку месеци властите во Белград решат на русите да им го дадат и електростопанството на Србија.
XS
SM
MD
LG