Достапни линкови

Внимателно со кредитите во времето на светската криза


Македонија ќе се задолжува кај Европската банка за обнова и развој и Светската банка за изградба на локални и регионални патишта. Начинот што го најде владата за обнова на патиштата за дел од економистите е оправдан, зашто поаѓаат од уверувањето дека заемот од 120 милиони евра ќе обезбеди економски развој.
Доколку инвестицијата носи профит, секое задолжување е добро
Други, кои не го поддржуваат задолжувањето, обрнуваат внимание на можните рефлексии од светската економска криза и велат дека средствата треба да се најдат од буџетот за 2009-та година.
Видовме дека кредитниот рејтинг на земјата е намален, имаме сериозни укажувања од Светската банка дека состојбата кај нас не е толку пволна за да може да преземаме ризични потези, така што ако ништо друго јас би апелирал на внимателност, можеби на одложување. Особено ако се има предвид дека моментно состојбата на пазарите на капитал е таква што каматните стапки се прилично високи
Изјавија професорот Панче Јовановски и Сашо Арсов. Преходно, опозицијата која не го поддржа педлог законот за задолжување кај Европската банка за обнова и развој, изрази забелешки дека во буџетот за наредната година има многу непродуктивни трошоци. Владата се правда со поволните услови за заемот со рок на отплата од 15 години, со греј приод од 4 години и каматна стапка од 4,06 проценти.
Намерата на владата да се занимава со патната инфраструктура многу би и значела и на локалната самоуправа. Општините кои наследија инфраструктура во која со години не е вложувано треба да добијат подобра патна поврзаност.
Општините имаат потреба, затоа што патната мрежа ни е катастрофална. Ако отидете во Хрватска ќе видите што значат убави патишта. Неспорне е. Дали е најсреќно избран моментот да се задолжуваме да градиме птишта е дискутабилно прашање. Треба да се скратат некои други трошоци од државниот буџет за да се издвојат пари за патишта
Вели Аце Коцевски, градоначелник на Велес. Инаку, тајмингот во кој се носи овој закон стандарно како и пред секои избори буди сомневање дека власта сака потоа да се фали дека ќе гради. Но, Коцевски вели дека реализацијата на овој проект конкретно може да биде лична карта на оваа гарнитура, кога ќе заврши неговата реализација
Проектот Светска банка и тие 70 милиони долари не можат да стасаат до изборите и не може да се изгради ништо
Владата најави дека заедно со Светската банка ќе го следи квалитетот на извршените градежни работи за да се увери дека парите од кредитот ќе се трошат наменски.
XS
SM
MD
LG