Достапни линкови

Разлики во експертската јавност


Подвлекувајќи црта под годината што изминува, претседателот во вчерашното обраќање пред пратениците, сосема очекувано најдолго се задржа на евроатлансткото интегрирање на земјава. Годината ја сумираше како влез во голем историски пораз откако оценио дека членството во НАТО и во ЕУ за македонија е на подолг рок одложен процес како и вистинските преговорите со соседна Грција за разрешување на спорот за името. Во експертската јавност ваквите прогнозии одекнаа различно. Аналитичарот Мерсел Биљали вели дека изолационизмот е нешто што веќе го живее македонија и дека во наредната година нема да има услови за излегување од ваквата состојба.

Веќе ние се соочуваме со изолационизмот. Како што гледате, никој сериозен не не посетува и никој не не повикува. На економски план изолацијата допрва претстои, а претпоставувам дека ќе има изолирање и по други прашања што се поврзани со евроинтеграциониот процес

Проблемите во македонско-грчките преговори според професорот Денко Малевски во оваа фаза се продлабочени поради новоотворените прашања на кои Македонија не може да понуди одговор.

Ако на почетокот проблем беше некаква дистинкција со грчката покраина Македонија, денеска веќе се отвори цела серија прашања што во голема мерка Грција ги испрровоцира – од типот на проблеми врзани за античкиот идентитет коишто се сериозни практични политички проблеми на коишто Македонија мора да даде одговор. Меѓутоа, не може да даде одговор затворајќи се и ограничувајќи ја или укинувајќи ја демократијата

На ова професор Малвески додава дека ваквата политка е само континуитет на истата којашто се води од осамостојувањето на државава која според него страда од ненаучените лекции во досегашното искуство.

Оваа политика е своевидно засилување и продолжување на она што беше офивијална политика во Македонија, а тоа е борба за уставното име, поаѓање од претпоставката дека ние немаме проблем, дека Грците имаат проблем итн.

Вели Малевски.

Од друга страна аналитичарите се согласни дека процесите на НАТО и ЕУ мора да останата приоритет за Македонија бидејќи интегрирањето нема алтернативен концепт и се друго за Македонија носи големи ризици.

И од социјален аспект, а тоа по автоматизам претпоставува и меѓуетнички аспект

Вели Биљали.
XS
SM
MD
LG