Достапни линкови

Стопанствениците бараат државата на време да си ги исполнува обврските


Најпрвин велешките а сега и прилепските бизнисмени се пожалија на задоцнување на повратот на ДДВ. Од ова се особено погодени фирмите кои увезуваат.

Јас ако на време не платам ДДВ, што се случува? Не ми го пушта мојот камион да влезе, ти вели да видам јас на лице дека твоите при стигнале.

Вели Трајче Трајчев од велешката фирма Хемија Комерц. Задоцнетиот поврат на ДДВ кој им се случува во последниве месеци ја отежнува и исплатата на кредитеите на овие фирми кон банките. Дарко Нашков од текстилната фабрила Ларс од Штип потврдува дека повратот на ДДВ доцни почнувајќи од летните месеци за 15-тина дена.

Сите фирми во Македонија кубурат со ликвидноста, тоа е главниот проблем, а сега особено со оваа финансиска криза каде што банките ги лимитираа средствата за финансирање на стопанството, мислам дека е проблем, но Управата би можела и побргу да плаќа и тоа пак би било во рамките на задоцнување од 10-15 дена

Вели Нашков чија фирма не се занимава со увоз па овој проблем го поднесува полесно.

Во стопанската комора на Македонија велат дека не се запознати со постоењето на ваквиот проблем на кој посочуваат се поголем број бизнисмени. Тие велат дека кај нив единствоено до сега станало збор за повик кон државата имајќи ги предвид потешкоптиите со кои почнуваат да се соочуваат фирмите под влијание на светската економска криза да го намали законскиот рок од 30 дена за поврат на фирмите. Во УЈП велат дека враѓањето на ДДВ се одвива редовно и со несмален интензитет согласно барањата на даночните обврзници.

Биснисмените на оваа сосотјба гледаат како на дел од негативните ефекти на екопномската криза.За поранешниот министер за Финансии Џевдет Хајредини ова е индикатор дека се појавиле проблеми во државниот буџет како резултат на вкупните сосотјби во стопанството предизвикани од кризата.

Очигледно дека буџетот има проблеми и не може да ги извршува обврските на време. Тоа е одраз на вкупната состојба на стопанството – нема приливи на приходи, наголемите компании и обврзници кон буџетот влегле во криза и не можат да ги платат даноците
XS
SM
MD
LG