Достапни линкови

Редовна практика или предвремена изборна кампања?


Трибините кои ВМРО ДПМНЕ ќе ги одржува низ повеќе градопви и места низ Македонија до 15 февруари следната година не се дел од кампањата за претседателските и локалните избори закажани за крајот на март, велат во ВМРО ДПМНЕ. Стануза збор за редовна партиска активност претходно предвидена во програмата на партијата како континуитет на претходните.

„Целта е на овие трибини да се соочат граѓаните, да поразговараат, да се примат нивните критики и пофалби за се што е сработено и тоа претставува еден нов приод во Република Македонија бо односот кон гласачите“

изјави портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ Александар Бичиклиски.

Професорот по меѓународно право Васко Наумовски вели дека во Македонија станува вообичаена практика видена и на претходните избори политичките партии да ја отпочнат кампањата и пред нејзиниот официјален старт.

„Во изминатиот период бевме сведоци на повеќе јавни настапи, трибини, одрќани од страна на претставниците и на левицата и на десницата. Тоа е практика што е видена и на минатите избори. Секако, тие се трудат да се доближат до граѓаните што е моѓно повеќе во овој период“

вели Наумовски. Најголемата опозициона партија реагира. Во кое својство се јавуваат министрите на овие трибини трошејќи притоа државни пари за очигледно како што велат отпочнатата партиска предизборна кампања.

„Тоа е лоша порака за Република Македонија и мислам дека на ова новоформираната Дрѓавна изборна комисија треба да реагира. Исто така, треба да реагира и Антикорупциската комисија затоа што министрите со државни пари веќе водат предизборна кампања“

Вели Цветанка Иванова од СДСМ.

Во оваа партија велат дека засега нивните активности се внатрепартиски и се однесуваат на подготовките за претстојните избори. Прашањето за името се очекува да биде централна тема на претстојните избори.Ова го навестуваат се позачестените јавни настапи на политичарите. Иванова од СДСМ вели дека нивните очекувања се дека власта вешто ќе го употребува или злоупотребува ова прашање.Во најголемата владејачка партија не го коментираат ваквиот впечаток. За професорот Наумовски прашањето за името особено поради постоечките разлики во пристапот за негово решавање меѓу власта и опозицијата очекувано е да заземе голем дел од кампањата.
XS
SM
MD
LG