Достапни линкови

Постигната согласност за постепена обнова на контактите со Русија


Министрите за надворешни работи на земјите членки на НАТО на вториот ден од состанокот во Брисел ќе разговараат за мисијата во Авганистан како и за мисиите на КФОР и ЕУЛЕКС на Косово. Нато вчера постигна согласност за постепена обнова на контактите со Русија прекинати по воената интервенција во Грузија а на Грузија и Украина им е потврдена подршката еден ден да станат членки на Алијансата.

Основна цел е како мисијата од 51 илјада војници на НАТО во Авганистан подобро да се поврзе со цивилните проекти на авганистанската влада за изградба на демократски иннституции во земјата. Нато минситрите ке дискутираат и за зголемување на бројноста на трупите поради зголеменото насилство во Авганистан. Портпаролот на Северно - атлантската алијанса Џејмс Апартурај наведе дека земјите-членки на НАТО сакаат распоредување на ЕУЛЕКС што е можно побрзо на цела територија на Косово, повторувајќи дека КФОР е подготвен да спречи било каков обид за предизвикување на насилство. Шефот на француската дипломатија Бернар Кушнер на синоќешната прес-конференција изјави дека цивилната мисија на Европската унија на Косово ќе започне со работа многу брзо. Според планот на Советот за Безбедност на Обединетите Нации, околу 2.000 претставници на полицијата, правосудството и царината на Европската Унија треба да се распоредат на Косово, но цивилната мисија на Светската Организација ќе ја задржи политичката улога. Нато сојузниците вчера пак се договорија за постепена обнова на контактите со Русија прекинати по воената интервенција во Грузија во Август годинава, изјави генералниот секретар Јап де Хоп Схефер.

„Ова постепено ре ангажирање со Русија не значи дека ние сега одеднаш се согласивме со русите за непропорционалното користење сила во Август на Кавказот и не легалното признавање на Абхазија и Јужна Осетија.“

Генералниот секретар на НАТО Јап де Хоп Схефер изјави и дека министрите за надворешни работи на состанокот во Брисел ја реафирмираа подршката дека Грузија и Украина еден ден ке станат членки на Алијансата. Грузиската министерка за надворешни работи Ека Техелашвили за Ројтерс во Брисел изјави.

„Важно е дека процесот е започнат и дека ние ке бидеме ангажирани во програми и активности на патот кон членство во НАТО. Тоа е голема задача за нас и ние сме целосно посветени да успееме.“

Грузија и Украина меѓутоа не добија Акционен план за членство. Соединетите Држави, Велика Британија, како и Чешка, Полска и балтичките држави силно ги подржуваат аспирациите на Грузија и Украина, но Германија и Франција се противат со цел да не се антагонизира Москва за која овие две бивши советски републики се дел од нејзината сфера на влијание.
XS
SM
MD
LG