Достапни линкови

Во металуршката индустрија велат дека мерките нема да им помогнат, другите ги поздравуваат и чекаат


Дел од бизнис заедницата во земјава ги поздравува десетте пакет мерки во висина од 330 милиони евра што владата ги донесе за ублажување на последиците што веќе ги чувствува домашниот реален сектор поради светската економска криза, додека дел сметаат дека донесените мерки воопшто нема да им помогнат во надминување на проблемите. Токму најпогодената, металуршката индустрија во државава од светската криза, не гледа никаков излез во донесените мерки, велат тие пред се се однесуваат на компании кои не си ги подмирувале редовно давачките, а домашните компании погодени од глобалната економска криза немаат такви проблеми:

„Нема да ни помогне, воопшто нема да ни помогне, за нас главно прашање е цената на металите на берзата. Ние баравме други мерки, баравме смалување на акцизата на нафтата, а тие тешко се откажуваат од тоа, потоа баравме смалување на дел од концесиите, но и од тоа нема реакција, потоа баравме и домашна енергија да трошиме, а и тоа нема... Така што овие мерки на нас нема да влијаат позитивно.“

Изјавува Николајчо Николов директор на рудникот Бучим. Во земјоделскиот сектор пак, кој преку владиниот пакет е опфатен со целосно ослободување на данок за земјоделците што имаат добивка до пет илјади евра, а оние до 20 илјади евра добивка ќе плаќаат само 400 евра данок, велат дека ова ќе преставува помош пред се за нерегистрираните земјоделци:

„Во поглед на персоналниот данок кој што е предвиден да се намали, за плаќање и регулирање на оние пред се нерегистрирани земјоделци, тука мислам дека ќе помогне.“

Вели Ѓоко Данаилов од Здружението на фармери на Македонија. Во дел од мерките се пронаоѓаат и во секторот градежништво, но велат допрва ќе треба да се видат ефектите:

„Лично мене ми се допадна онаа мерка која што предвидува да не се оданочува добивката во оној дел што не е исплатена на акционерите. Сепак сметам дека ќе помогнат овие мерки многу, но колку тоа сепак не зависи од нас бидејќи ние сме една ,,капка во морето“ на светскиот пазар.“

Посочува Драган Николов. На слично мислење, односно дека допрва треба да се види дали ќе има некое олеснување и стопанственикот Ристе Ристевски:

„Би биле корисни во секој случај за стопанството, е сега колку до крај ќе се извршат тие мерки или се само реклама, допрва ќе видиме.“

вели Ристевски. Со паркет мерките се намалуваат одредени даноци, придонеси , царините за суровините и се даваат повластувања за нивно плаќање.
XS
SM
MD
LG