Достапни линкови

Не постои американско решение за името, Грција и Македонија да работат на решение


Не постои американска солуција за името. Нашата позиција останува дека Македонија и Грција мора да работат заедно на изнаоѓање со која луѓето од двете земји ќе се чувствуваат комотно, им порача на членовите на комисијата за надворешни работи на собранието на РМ, американскиот амбасадор во РМ, Филип Рикер.

„Размилувам што е тоа и прилично сум убеден дека Македонија како членка на НАТО, која работи низ тие структури и инситуции како што е НАТО, како што е ЕУ, тоа е победничката опција за Македонија и за Грција. Тоа би водело кон поголема стабилност и просперитет во регионот и затоа мислам дека би било и од голем интерес за Грција да ја види оваа земја во НАТО, како што во интерес и на Македонија и на вас како нација,“

изјави Рикер. Се случува луѓето да го менуваат своето лично или семејно име но го задржуваат истиот идентитет и традиции. Вие треба да видите што е тоа што е важно и што влијае на вашиот живот, одговори Рикер на забелешките од пратеникот Влатко Ѓорчев дека името служи за другите да не викаат така како што ние сме решиле. Другите не можат да не понижат ако ние не им го дозволиме тоа, рече Рикер со уверување дека американската политика кон Македонија ќе остане иста и во текот на демократската админситрација предводена од Обама. Фокусирањето на економските приоритети нема да ја смени надворешната политика рече Рикер. Земјата има право да го покрене случајот пред меѓународниот суд на правдата. Тоа е одлука на земјата. САД не се дел од тој процес.Ние ќе го продолжиме да работиме на процесот од наша персепктива, а тоа е како македонија да стане дек од НАТО.

„Денеска сакам да ви сугерирам да земете здив и да размислите околу тоа што е важно во пресрет на 2009 година. не можеме да прејудицираме дека следната година не може да се постигне напредок во тој процес поради изборите. Мислам дека можеме да работинме и да постигнеме напредок и покрај изборите а изборите треба да ги употребиме како позитивна сила.“
XS
SM
MD
LG