Достапни линкови

Малкуте странски компании во државава се соочуваат со безброј проблеми


Шведскиот Сведмилк, Грчата Окта, Рускиот Лукоил, Австрискиот ЕВН овие неколку странски инвеститори во последниов период имаат разлини проблеми во земјава. За последното несогласување со бизнис партнерите, менаџментот на млекарницата Сведмилк ја информирал и шведската влада. Параралено македонката влада пак на различни начини се обидува да донесе странски инвеститори во земјава. Преку таканеречните Роад Шоуа, намалените даноци, реклами во странксите весници, директни средби со потенцијалните инвеститори. Различните проблеми на странците кои веке ги вложиле парите во Македонија неможе да се генерализиираат, вели професорот од Европскиот Универзитет Зоран Ивановски според кој тие нема да бидат лош сигнал за оние кои имаат намера да инвестираат:

„Лош сигнал би било владата ненадејно да менува даночни стапки, ненадејно да поставува други услови за реализација на бизнисот, а овде не станува збор за такво нешто.“

Со ваквото мислење не се согласува Николајчо Николов, менаџер на руската компанија Солвеј која е сопственик на рудникот Бучим. Зборувајки како познавач на комуникацијата во бизнис заедницата Николов вели, иако за сите проблеми не е виновна државата во принцип може да се испрати лош сигнал до потенцијалните инвеститори:

„Иако не e виновна државата, може да биде лош сигнал. Знаете инвеститорите не ги проучуваат до сите детали проблемите кои се присутни, така да принципиелно може.“

Конфликтите во биснис заедницата се нормални во секоја демократската држава, вели бизнисменот Адем Кочан според кој тие би можеле да бидат негативен сигнал само доколку институциите на државата не делуваат навремено за да ги разрешат. Тој упатува пред се на судките органи за кои вели дека можат и подобро да работат:

„Да се реагира во согласност со пропис и со закон. И во Франција ги блокираат патиштата и во Грција ни ја блокираат границата четири-пет месеци во годината, на секои 15 дена, и се е тоа легитимно и легално.“

Николов пак чија компанија е директно засегната од светската еконсомка криза потестува дека иако не по вина на Македонија странските инвестиции може да бидат одложени:

„Конкретно кај нас енормниот пад на цената на металите на светската берза, неможе да се каже дека тоа е лоша порака за бизнис климата во Македонија, бидејќи тоа е општо светско движење.“
XS
SM
MD
LG