Достапни линкови

Според извештаите економскиот тим на Обама разгледува втор стимулативен пакет за економијата


Новоизбраниот американски претседател Барак Обама денеска ке го објави својот економски тим кој ке треба да се справи со најлошата криза по големата Депресија од 30 тите години на минатиот век. Тимот на Обама истовремено подготвува нов стимулативен пакет за обнова на американската економија. Станува збор за план вреден неколку стотици милиони долари и за создавање на околу 2,5 милиони работни места во Соединетите Држави.

Економијата е на врвот на приоритетите на тимот на ново избраниот Претседател Барак Обама кој треба да биде инаугуриран на функцијата во Белата Куќа на 20 Јануари. Тој денеска ке го презентира тимот кој ке треба да се справи со најлошата економска криза од Големата Депресија во 30 тите години на минатиот век. Тимоти Гаитнер, Претседател на Њујоршката филијала на Американската Централна Банка, односно Федералните резерви, се очекува да биде нов Секретар на Трезорот, а Лауренс Самерс, кој беше на Секретар за финансии во времето на Бил Клинтон ке биде именуван за директор на Националниот Економски Совет. Според извештаите на американските медиуми, неговиот економски тим разгледува втор стимулативен пакет за обнова на американската економија. За време на кампањата на претседателските избори Обама вети 175 милијарди долари стимулативен план, но сега двајца негови советници за Вашингтон Пост ги подогнаа бројките на речиси 700 милијарди долари за потрошувачка во следниве две години. Ново избраниот Претседател Барак Обама во обраќање на партиското радио објави дека неговиот тим подготвил двегодишен план за заживување на американската економија, кој предвидува создавање 2,5 милиони работни места. Планот опфаќа обнова на патишта и мостови, модернизација на училиштата и разработување на алтернативни енергетски извори.

„Тоа ќе биде две - годишен широк национален напор за создавање работни места во Америка и поставување на основи за силна растечка економија. Ние ке ги вратиме луѓето на работа, да ги обноват нашите оштетени патишта и мостови, да ги модернизараат училиштата, да се изградат соларни панели фарми на ветровите, да се креираат ефикасни автомобили и алтернативни технологии со кои ке се ослободиме од зависноста на странската нафта и ке ја одржиме конкурентноста на нашата економија во годините кои доаѓаат.“

Овие чекори, според ново избраниот Претседател Барак Обама, се долгорочни инвестиции за иднината американската економија. Актуелната администарција на американскиот Претседател Џорџ Буш пак го објави планот за спас на Ситу – груп. Во него е вклучена помош од 20 милијарди долари за компанијата чиии акции остро загубија на вредноста поради загриженоста за нејзиното финансиско здравје. Дополнително владата на Буш соопшти дека ке ги гарантира ризичните заеми до 306 милијарди долари на оваа банка.
XS
SM
MD
LG