Достапни линкови

И по 20 дена сеуште немаме назначено нов преговарач


Шефот на дипломатијата Антонио Милошоски минатата недела најави дека многу скоро ќе се назначи нов македонски преговарач за името. Иако вакви најави во јавноста се пласираат веке извесен период Македонија 20 дена е без преставник во преговорите за името кои ги води медијаторот Нимиц под покровитеслтво на Обединетите Нации. Денeска и од министерството за надворешни работи и од престедателскиот кабинет одговараат дека нема ништо ново во контекст на преговорите, односно околу назначувањето на нов преговарач. Нема никакви сигнали ниту од Нимиц бидејки за тоа велат нашите извори треба Македонија да го повлече првиот потег со именување на преставник. Медијаторот го очекува тој чекор за да преземе нешто - додаваат тие. По последниот негов пакет идеи кој го предложи на почетокот на минатиот месец високиот американски дипломат Даниел Фрид порача Скопје да се обиде да ги вради свооте зебелешки во пакетот идеи во петте недели до минситеркиот состанок на НАТО.Тој период измимува а на домашен план токму во тие недели кои се споменуваа како клучни беше разрешен преговарачот Димитров, а земјава одлучи да ја тужи Грција пред мегународниот суд на правдата за кршењето на веремената спогиодба. Според аналитичарот Суад Мисини Македонија во периодов е пасивна страна:

„Тоа што зачудува е после сите ,,жалопојки“ што беа во врска со отпуштањето на Димитров, зошто Владата не го ангажира од своја страна Димитров, ако веќе излегоа со толку пофалби, за неговата работа и неговиот квлитет. Значи требаше да го ангажираат веднаш, наместо да биде преговарач на Претседателот, да биде преговарач на Владата.“

вели Мисини и додава дека во ситуација кога немаме преговарач може да се одвиваат активности само на внатершен план.Сега додва тој и да назначиме нов преговарач веке е доцна во бидејки изминуваат петте недели кои ги спомена Фрид:

„Апсолутно во однос на надвор ништо не се случува, тоа е очигледно.“

Конкретниот чекор кој треба да го преземе македонската страна е назначување на преговрач смета и поранешниот минситер за надворешни работи Слободан Чашуле:

„И тој да отиде таму со стратегија и овластување. Ако назначиме претставник, а не го ,,наоружаме„ со единствен политички став на државата, а не на Црвенковски или Груевски, тогаш поарно и да не го поставуваме.“

Тужбата вели Чашуле не влијае врз процесот на преговорите туку него го забавува тоа што немаме преговарач:

„Тоа е последица на нашата внатрешна домашна политичка борба во која би рекол со стратешките вредности на државата и нејзината позиција си играат двајца политичари.“
XS
SM
MD
LG