Достапни линкови

Тужбата на Македонија дава нова димензија во преговорите, оценуваат аналитичарите


Сите пораки од меѓународнта зеадница кои стигнаа до Македонија по покренувањето на тужбата против Грција беа дека процесот на преговири кои се водат под покровителство на Обединетите Нации треба да продолжат. Медијаторот Метју Нимиц ја повика владата да назначи нов преговарач во спорот со името. Со такво барање вчера излезе и претседателот Црвенковски. Денеска од неговиовт кабинет велат дека незнаат што има ново во процесот на преговорите повторувајќи го ставот дека сега одговорноста е во рацете на владата. Оттаму пак нема презицини информации. Владини преставаници кометираат дека формално преговрите нема да прекинат но тужбата велат дава нова димензија на процесот па можно е да помине време состојбата да се стабилизира. И домашните аналитичари со став дека покренувањето на правната постапка од страна на Македонија пред меѓународниот суд на правдата во Хаг ке го забави процесот на преговири. Експертот по меѓународ право Јана Лозановска потенцира дека преговорите не се дел од тужбата која ја поднесе Македонија но фајтички таа може да влијае врз нив

„Мислам дека сега ќе има одреден, да не речам застој. Туку и од реалната состојба, ние во моментов немаме преговарач. Мислам дека можеби за некои посуштински преговори можеби ќе се чека и одлуката на судот.“

Скап процес кој ке трае со години и може да ги конзервира преговорите такви се очекувањата на аналитичарот Мерсел Биљаљи од правната процедура во Хаг.

„Едноставно им даваме шанса на Грците да кажат дека ќе го почекаат исходот на судскиот процес, па ќе ги продолжиме преговорите. Значи, тоа е голем удар за процесот на преговори.“

Според Биљањи преговорите и сега се како што вели во полумртва фаза. Инаку покрај тужбата земјава веке неколку недели нема и официјален преговарач за името. Пред овие случувања американскиот висок дипломат Даниел Фрид порача до министерскиот состанок на НАТО кој ќе се одржи на почетојкот на идниот месец Македонија да се обиде да ги вгради своите забелешки во пакетот идеи на медијаторот. Во политиката неможе да се каже дека ништо нема да се направи но реално мали се шансите во овие рокови да се дојде до добро решние коментира Биљаљи:

„Дали естаблишментот свесно или несвесно презема такви чекори, тоа е прашање на хипотеза. Но, се повеќе се размислува во правец на тоа дека сегашната владина структура не е толку расположена за евро атлантските процеси и сето друго е покритие на тоа.“
XS
SM
MD
LG