Достапни линкови

Индиската морнарица спречила киднапирање на брод во Аденскиот залив


Нови напади на сомалиските пирати. Индиската морнарица соопшти дека денеска нејзин воен брод успешно спречил нов обид за киднапирање брод во Аденскиот залив. Годинава вкупно се нападнити 81 брод двојно повеке од лани. По киднапирањето на саудискиот супер танкер, НАТО најави дека размислува за долгорочен ангажман во борбата против сомалиските гусари во регионот.

Индиската морнарица успешно спречи нов обид за киднапирање брод во Аденскиот залив. Гусарски брод со уиште два помали брода вусшност нападнал воен брод на индиската морнарица кој одговорил на огнот при што еден од гусарските бродови бил запален. Во акцијата подоцна се пронајдени гусарските бродови а гусарите ги немало. Како во романтичните приказни од минатото иако ситуацијата во Индискиот Океан важна трговска зона воопшто не е романтична. Имено изутрината, како што јави кениската поморска служба е киднапиран еден грчки товарен брод а вчера американската морнарица јави дека Саудискиот супер танкер киднапиран од пирати со 100 милиони долари нафта стигнал е вкотвен на брегот на Сомалија. Звездата на Сириус е три пати поголеама од носач на авиони и беше киднапирана со два милиона барели нафта, а на бродот имаше 25 член екипаж. Танкерот беше киднапиран на 800 километри од кенискиот брег. Станува збор за најголем случај на киднапирање годинава од пирати. Нато најави дека размислува за долгорочен ангажман во борбата против сомалиските гусари во регионот.

„Сметам дека сите треба да бидат загрижени. Нападите се зголемени за 70 проценти. Компаниите бараат нови рути низ Заливот и одат преку Ртот на Добрата Надеж. Тоа е 12 до 15 дена повеке и околу 20 до 30 илјади долари повеке трошоци дневно.“

изјави портпаролот на Нато Џејмс Апартурај. Нато во региониот во Октомври упати 4 брода, Портпаролот на Стејт Депртментот Шон Мек Кормак изјави.

„Ние сме доста ангажирани заедно со нашите пријатели во регионот, како и со НАТО сојузниците. Јас верувам и дека и европските земји, како и Русија превземаат мерки за заштита од пирaтите во регионот.“

ЕУ пак на 10 Ноември реши да упати најмалку 7 брода со авионска подршка. Меѓутоа, сомалиските пирати се мошне умешни, а патролите во ова доста фрекфентно подрачје не можат да бидат насекаде. Компаниите обично се решаваат да платат за откуп на своите бордови и екипажи за да не ги ризикуваат нивните животи.
XS
SM
MD
LG