Достапни линкови

Забавување на евро атлантските интеграции согласни опозицијата и ДУИ


Во Кабинетот на претседателот на државава Бранко Црвенковски нема дополнителен коментар на вчерашанта одлука на владата да поднесе тужба пред Меѓунарниот суд на правдата против Грција поради прекршувањето на Времената спогодба потпишана меѓу двете земји во 95-та година. Оттаму го повторуваат веќе објавениот став дека претседателот претходно не бил запознаен со ваквата одлука на владата и Со тоа, според шефот на државата, премиерот дефинитивно ја презема целосната одговорност за решавање на спорот за името како и за успехот или неуспехот на процесот на евроатлантско интегрирање. И првичните реакции на политичките партии се дека владата започнува процес кој дефинитивно ќе го забави интегрирањето на Македонија во Европската Унија, како и НАТО. На вакво мислење освен опозицијата се и во ДУИ, албанскиот коалиционен партнтер во владата.

„Интерес на граѓаните и државата е да се обраќаме до сите можни институции каде што треба да се бара правдата. Од друга страна, свесни сме дека може да платиме дел како земја и како граѓани со тоа што ќе се забават евро интеграциите.“
изјавува Рафиз Алити од ДУИ. Лидерот на Новата социјалдемократска партија Тито Петковски пак, кој имено беше поднесувач на резолуцијата за градење на државна стратегија за решавање на спорото за името, што неодамна ја усвои собранието, смета дека поднесувањето на тужбата против Грција, е одлука на македонската влада за дневно политичка употреба која ќе се одрази врз нашите евроатлантски интеграции. Иако навидум и нашата, но и грчката влада се заложија за продолжување на преговорите, овој процес нема да оди лесно, смета Петковски.

„Мислам дека тие сакаат овој интерегрум да го покријат со наводна активност пред меѓународниот суд. Кога говорам наводно, бидејќи се свесни дека настапува еден период на мораториум на преговорите, заради изборите во Грција, па вгодина се изборите за Европскиот парламент и практично една година нема да има суштински преговори.“
За опозиционата ЛДП пак, македонската влада презема чекор кој може да се протолкува како меч со две острици.

„Веќе станува сосема јасно дека имаме влада на којашто воопшто не и е важно кога Македонија ќе биде дел од семејството на коешто ние сакаме на припаѓаме,“

изјавува Андреј Жерновски од ЛДП. Според опозицијата иронично е и тоа што владеачката ВМРО ДПМНЕ која најмногу се спротивставуваше на референцата ФИРОМ, сега започнува судски процес преку кој имено се бара наше членство во НАТО според оваа референца.
XS
SM
MD
LG