Назначување на нов македонски преговарач во спорот со името и градење на ставот за понатамошниот тек на преговорите со Грција, односно се што е поврзано со името - ова велат од македонската влада е темата на денешната средба на претседателот Црвенковски и премиерот Груевски. За разлика од владата од кабинетот на шефот на државата молчат. Отаму засега не го откриваат фокусот на разговорот. Наши извори претпоставуваат дека средбата не е фокусирана на именувањето на нов преговорач, туку како што велат до неа доага поради притисокот од американската администрација Македонија да го даде официјалниот одговор за последниот пакет идеи на медијаторот Нимиц откако официјална Атина минатата недела го стори тоа. По апелите пак на високи американски дипломати. Скопје да ги даде своите забелешки и активно да учествува во разговорите, во јавноста беа пласирани информации дека високи македонски преставници од пријателските земји добиле сигнали дека последниот предлог на Нимиц неможе да биде основа за преговори поради пораснатите апетити на Атина поради што ситуацијата е безизлезна. Домашните аналитичари со поделени мислења кој ги пласира ваквите информации и на кого му одговараат. Според поранешниот министер за надворешни работи Слободан Чашуле зад овие шпекулации стои Грција.
„Не сакаат да се дојде до решение туку да не ,,насанкаат“ нас ние да се истрчаме како што редовно правиме.“
Убеден сум додава Чашуле дека информациите не ги пласира македонскта страна:
„Од две причини, прво конечно нашиве поднаучија дека не треба постојано валканиот веш да го ветрееме и второ затоа што има прекин на комуникацијата.“
Со спротивно мислење е аналитичарот Суад Мисини. Тој не ја исклучува можноста ваквите инфоирмации да доагаат од Скопје бидејки како што вели и македонската страна остава впечаток дека не е заинтересирана за решавање на спорот во овој момент. Според него пласирањата на шпекулациите имаат одредена цел но за да се растера како што вели, маглата што се создава, неопхоно е домашните политичари да излезат и јавно да ги соопштат работите:
„Ние досега и онака бевме манипулирани во однос на целото прашање, бидејќи мислам дека сите ќе се согласат дека македонската јавност во суштина и нема доволно детали за целиот процес. Треба некој да излезе и јавно да каже дали ние сме заинтересирани да добиеме решение, а кое што ќе значи промена на името, јазикот итн.“
забележува Мисини.