Достапни линкови

Лидерите се обврзаа дека ќе се справат со финансиската криза


Лидерите на најразвиените 20 светски економии го завршија дводневниот самит во Вашингтон, обврзувајќи се дека ќе се справат со глобалната рецесија и ќе ги заштитат стопанствата од идна финансиска криза. Групата ГЕ 20 објави акционен план со кој се планира зајакнување на транспарентноста и стабилизирање на финансисикиот систем. Тие побараа од своите министри за финансии да подготват серија препораки до 31 март, кога треба да се одржи следниот самит на Ге 20, најверојатно во Лондон. Американскиот претседател Џорџ Буш го нарече самитот продуктивен и успешен . Тој рече дека лидерите на на сите 20 земји ќе работат на модернизација на финансиските системи и унапредување на меѓународните финансиски институции.

,,Една од главните главните придобивки е да се создадат одредени принципи и да се преземат одредени мерки за приспособување на нашите финансиски системи на реалноста од 21 век,"

изјави Буш.
XS
SM
MD
LG