Достапни линкови

Дали се работи за расчистистување на криминалот во политиката или пресметките се чисто политички?


Реџа Зулќани брат на сопругата на лидерот на ДПА Мендух Тачи почина денеска во Клиничкиот центар откако вчера во Тетово од возило во движење беше пукано во него. Деновиве пак се случуваа и други инциденти во албанскиот блок. Имаше расправии мегу членовите на ДУИ кои според гласините биле на работ на физичка пресметка и тензии во седиштето на партијата поради приведувањето на нивни активисти кои учествувале во убиството на полицаец. Дали се работи за расчистистување на криминалот во политиката или пак пресметките се чисто политички. Домашните познавачи различно гледаат на овие инциденти. Според професорот на Факултетот за општествени науки Владимир Пивоваров генерално неможе да се зборува за поврзаност на криминалот со политиката но како што вели не треба да се исклучи и дека некои политички структири имаат такви врски кои се од финансиска природа или корист при избори. Потоа додава Пивоваров доаѓа времето кога таа помош која криминалците им ја даваат на политичарите треба да се наплати:

„Постоеле вакви инциденти и во иднина ќе постојат, за жал тоа е дел од нашата политичка култура, нема да очекуваме дека работите генерално ќе ги снема. Меѓутоа добро е да се работи во континуитет за овие состојби да ги снема од нашето општество, за да може да добиеме покана за членство од ЕУ.“

За тоа пак дали овие инциденти значат почеток на расчистивање на криминалот во политиката, Пивоваров вели:

„Расчистување конкретно не би кажал дека постои, меѓутоа пермаментно со расчистувањето овие појави ќе бидат надминати.“

И додека тој е оптимист дека работите почнуваат полека да се расчитуваат професорот Назми Малиќи смета дека неможе да се стави крај на криминализиранита политика се додека не се донесе правна рамка за тоа. Мора да има правила кој може да биде политичар, а кој не вели Малиќи:

„За чувар да се вработите, за хигиеничар се бараат одредени документи и има услови, додека да бидеш политичар нема никаов услов, може да биде секој.“

Токму таа нерегулираност според Малиќи ги генерира ваквите проблеми:

„И после излегуваат овие ситни инциденти, всушност и крупни, и во внатрешната сцена на политичките партии воопшто. За жал не се гради јасна законска рамка за стабилна институционално делување на партиите и за политичарите кои ги водат партиите.“

објаснува Малиќи.
XS
SM
MD
LG