Достапни линкови

Досегашните американски инвестиции се на ниско ниво, посетата обид да се смени ситуацијата


Тоа што го имаме како предност мора да го презентираме, какви резултати и кога би се очекувале, останува да се види, коментираат експертите околу инвеститорското промовирање кое денеска па до крајот на неделава ќе го направи македонската бизнис делегација предводена од највисоки владини претставници. Премиерот Груевски и министрите пред повеќе од сто претставници на бизнис форумите во Чикаго и во Сан Франциско ќе се обидат да ја претстават Македонија како поволна дестинација за американските инвеститори:

„Очекувањата се реални дека во иднина може да очекуваме дека некоја американска компанија ќе инвестира во Македонија, и во иднина не би било никако изненадување ако Хјулит Пакард или Оракл, инвестира во Македонија.“

Вели портпаролот на Владата Шефик Дураки.
Ние треба да ги пренесеме нашите сигнали, зошто тоа е еден од начините да се заинтересираат странските инвеститори. Колку тие сигнали ќе бидат прифатени е друго прашање, вели професорот по маркетинг Алекса Стаменковски.

„Околностите, односно политичката клима е таква која што не ни овозможува многу нешто, но мора да се работи и да привлечеме некои инвеститори од надвор кои веруваат во нас, а не од околината околу нас. Значи мораме да имаме целна група на бизнисмени кои што сакаме да ги привлечеме.“

Досегашните американски инвестиции во земјава се на ниско ниво. Владините претставници во САД ќе се обидат како аргументи да се смени оваа слика да ги приложат даночните бенефиции, ефтината работната сила, гаранциите кои државата ги нуди за странските инвестиции. Потенцијалните инвеститори ќе сакаат да слушнат и какви се аргументите во поглед на стабилноста во државата и безбедноста зошто за инвеститортите главниот интерес е да им се гарантира сигурноста и да остварат профит, велат економските експерти. Посебно место на презентирање во САД ќе му биде дадено на информатичкиот сектор. Владината кампања која започна во Италија, по САД ќе продолжи во Германија и во Турција.
XS
SM
MD
LG