Достапни линкови

Дали и годинава Таџикистан се соочува со недостаток на гас и електрична енергија?


Минатата година, Таџикистан се соочи со многу студена зима, температурите се спуштија под 20 степени целзиусови, при што во ова земја имаше недостаток на гас и електрична енергија. Властите се обидуваат да ги разубедат граѓаните дека нема да има енергетска криза оваa зима, но луѓето не се убедени во тоа, тие велат дека има недостаток од природен гас и дека веќе е започнато ограничувањето на електрична енергија и покрај тоа што сеуште не паднал првиот снег.

Ханифа и нејзиниот сопруг ја потрошиле целата заштеда за купување на јаглен и дрва за га ги загреат сопствените соби ова зима. Зградата во која живее ова семејство е приклучена на централно греење, но уште од почетокот на 90-тите не работи.

„Секој сака да купи печка, јаглен и дрва. По минатогошното искуство сите луѓе се загрижени. Денеска на работа имавме состанок и директорот рече дека следнава зима ќе биде полоша."

Минатата зима беше најладната во Таџикистан. Температурите паднаа под дваесетиот степен, а повеќето села и патишта беа блокирани. Поради овој проблем државата се соочи со недостаток од гас и електрична енергија. Во истовреме, цената на храната поскапе, оставајки многумина семејства на работ на егзистенцијата, а неколку десетици, вклучувајки и деца починаа од студ
Властите не го обелодениа точниот број на жртвите кои минатата година починаа од студ. Но владата излезе со соопштение дека Таџикистан ова зима нема да се соочи со енергетска криза. Шарифкон Самиев директор на компанијата за струја Барки Тоџик, изјави дека властите прават се што е во нивна можност за да го спречат недостигот од енергија.

„Планираме да увеземе 400 милиони киловат часови од електричната централа на Туркменистан, во ноември и декември. Владата ни нареди да обезбедиме електрична енергија за домаќинствата и тоа да ни биде најголем приоритет."

Но, овие обиди на властите не ја намалуваат загриженоста кај жителите. Вакви слични договори, беа потпишани минатата година со Туркменистан и Киргистан, но струјата не пристигна навреме во домакинствата. За ова, Туркменистан ги обвини властите на Узбекистан за спречување на протокот на електрична енергија преку територијата на Узбекистан. Исто така властите на Туркменистан ветија дека ќе обезбедат струја на главниот град Душанбе, но жителите веќе почнаа да се жалат на чести прекини на електричната енергија.

Поради проблемот со електричната енергија, многумина таџикистанци зимата ја поминуваат во сибирскиот град Тјумен. Иако овде не се идеални условите за живот, сепак како што велат граѓаните на Таџикистан, нема да умрат од студ во Русија.
XS
SM
MD
LG