Достапни линкови

Глoбалната финансиска криза и високиот трговски дефицит се главни причини, велат економистите


Влошената финансиска состојба во светот, дел од економистите ја посочуваат како главна причина за опаѓачката тендецијата на кредитниот рејтинг на Македонија кој според Мегународната рејтинг агенција „Фоч“ од позитивен преминал во стабилен. Според Мишо Николов од Ценатарот за економски анализи намалувањето на кредитниот рејтинг слично како и за владата е очекувано, зошто како што вели голем број земји забележуваат повисоки дефицити на тековните сметки поради влошените можности за финансирање:

„Еве да речеме во Бугарија рејтингот е намален и тој е дури е и негативен. Конкретно за Македонија, основна причина е зголемениот дефицит на тековната сметка, исто така и зголеменото задолжување на граѓаните, како и претпријатијата и банките односно нивното задолжување надвор.“

За професорот Абдулменаф Беџети проценката на Мегународната агенција за Македонија е реална имајки ја предвид како што посочува, тенденцијата на растечкиот дефицит на тековната сметка што според него претствува последица на зголмување на трговскиот дефицит и намалување на приватните трансфери од странство. Со оглед на зависноста на економијата од надворешните фактори тој не очекува подобрување во наредниот период од аспект на зголемуавње на приливите од странство кои се одлучувачки индикатори:

„Ние сме сега некаде на 12-13% дефицит, што никогаш не се случило. Мислам дека понатаму нема да се зголемуваат девизините резерви, ќе продолжуваат да паѓаат приватните трансфери од странство по основ на проблемот со реалниот сектор. Значи во секој случај не очекувам одредено подобрување во наредните шест месеци во врска со овие прашања.“

Очекувањата на Николов се дека ова е привремена состојба и дека ќе се вратат позитивните очекувања:

„Позитивните карактеристики на земјава се многу нискиот јавен долг и силниот економски раст што го забележуваме, а кој годинава изнесува шест проценти. Ова значи преставува привремена состојба, бидејќи се очекува дека во наредниот период финансиската криза во светот ќе се стабилизира.“

Според професорот Беџети растечкиот тренд на трговскиот дефицит покажува дека не може да очекуваме на краток рок да имаме подобрување на кредитниот рејтинг, од причина што според неговата оценка немаме структура на стопанството, што упатува на непходносот од зголемување на конкурентноста на домашните компании во регионот:

„Ние немаме капацитет во структурата на стопанството. Тоа треба да се менува брзо.“
XS
SM
MD
LG